Зеленски не кажал дека наскоро ќе го убијат

Фото: Володимир Зеленски, официјален портал на украинскиот претседател, април 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема изјавено дека наскоро ќе го убијат, туку одговарајќи на прашање на новинарот на „Сан“, кажа дека има сознанија за операција наречена „Мајдан 3“ за која го информирале службите а според која Русија планира промена на претседателот на Украина. Но, Зеленски вели – „Гледате, можеме да живееме со тоа“ и никаде не кажува дека таквата операција ќе се оствари. Во објавата исто така надвор од контекст е пренесен став на Далас Мек Грегор, кој кажува негово лично мислење и хипотеза, а истото во објавата е пренесено како случен факт.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема изјавено дека наскоро ќе го убијат, туку одговарајќи на прашање на новинарот на „Сан“, кажа дека има сознанија за операција наречена „Мајдан 3“ за која го информирале службите а според која Русија планира промена на претседателот на Украина. Но, Зеленски вели: „Гледате, можеме да живееме со тоа“ и никаде не кажува дека таквата операција ќе се оствари. Во објавата, исто така, надвор од контекст е пренесен став на Далас МекГрегор, кој кажува негово лично мислење и хипотеза, а истото во објавата е пренесено како клучен факт

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Зеленски: Наскоро ќе ме убијат, Москва ќе ги искористи сите средства за да ме тргне.

Во написот кој е дел од објавата пишува дека Зеленски дал ваква изјава „по најновата офанзива на Украина која не ги даде очекуваните резултати“.

Во вториот дел од текстот споделен во објавата што ја рецензираме, пишува дека:

Даглас Мек Грегор, поранешниот советник на Пентагон открива дека западните лидери доаѓаат кај Зеленски и насамо му кажуваат дека тој стана „лице на војната“ и дека затоа мора да му отстапи место на некој што може да склучи договор со Русија.

Во текстот пишува дека Мек Грегор наводно изјавил:

Му велат господине Зеленски, вие сте лице на војната, некој друг мора да дојде на ова место, да се сретне со Русите и да го потпише документот за трансфер на територија и сè што сака Русија. Овој конфликт мора да заврши, бидејќи веќе не сме во можност да ве поддржиме.

„Вистиномер“ го пронајде интервјуто на Мек Грегор од кое се гледа тој вели (26 минута и 29 секунда):

МИСЛАМ дека она што му го велат оди во насока да му стават весело лице, кога војната е загубена, Русите може да влезат во Киев. МИСЛАМ дека второто нешто што ќе му го кажат е дека е време да се повлечете господине Зеленски, вие сте лицето на војната, некој друг мора да дојде да ги собере остатоците, да ги потпише документите за прераспределба на териториите како што Русија сака и да заврши војната, бидејќи не сме во состојба да ве поддржуваме повеќе. МИСЛАМ дека тоа му го велат приватно, насамо.

Евидентно е дека изјавата е хипотеза и лично мислење на соговорникот Мек Грегор, а не некаков факт како што тоа е претставено во текстот од објавата што ја рецензираме.

Што се однесува до директниот цитат во насловот: „Зеленски: Наскоро ќе ме убијат, Москва ќе ги искористи сите средства за да ме тргне“, Вистиномер не пронајде ваква изјава од претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Она кое постои, е интервју што Зеленски го дал за „Сан“ на 20 ноември 2023 година во која одговара на прашање поврзано со обидите за негов атентат. На самиот почеток на интервјуто, новинарот му вели дека на почетокот на состанокот се слушнало за бројни обиди за негов атентат, па прашањето е за колку обиди за атентат чул Зеленски и каква тежина тоа носи за него како човек.

-Нормално. Мислам дека првиот е многу интересен. А после тоа, е како ковид. Прво луѓето не знаат што да прават со него и многу е страшно, а после тоа службите само споделуваат со вас дека уште една група дошла во Украина за да го спроведе ова. 

На прашањето колку вакви обиди имало, Зеленски му одговара на новинарот:

-Навистина не знам, но мислам не помалку од 5 или 6. Интересно е дека последната информација е дека планираат, како што споделив со вас надвор кога се сретнавме на почетокот, дека имаат име на операцијата „Мајдан 3“ и значи „да се смени претседателот“. Можеби не е преку убиство, значи да се промени претседателот. Би искористиле секакви инструменти што им се на располагање. Идејата на операцијата е ова да се случи до крајот на годината. Но, како што гледате, можеме да живееме со тоа.

Од одговорот на Зеленски е евидентно дека тој зборува за план наречен „Мајдан 3,“ кој му го кажале службите дека до крајот на годината Русија наводно има план да го промени претседателот на Украина. Но, Зеленски воопшто не кажува дека тој смета оти планот ќе се оствари. Никаде во интервјуто не вели „Наскоро ќе ме убијат“.

Поради сите горенаведени факти, објавата која ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Не е точно дека Зеленски рекол дека наскоро ќе го убијат, ниту пак пренесениот дел од Мек Грегор е остварена реалност, туку е негово размислување односно хипотеза т.е негово мислење.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција