Зоран Трајчевски: Милионски суми… доаѓаат најчесто од една групација, а тоа е групацијата „Сорос“

Зоран Трајчевски, изјава во
Зоран Трајчевски, изјава во
Зоран Трајчевски, претседател на СРД

Јас мислам дека отпорот е поради тоа што ќе биде загрозено неконтролираното, можам да кажам во наводници, илегално финансирање на одреден број на портали во Република Македонија од добро познати извори. Значи, овие податоци што ги кажувам, милионски суми, може да ги проверите и на интернет и тие доаѓаат најчесто од една групација, а тоа е групацијата „Сорос“

[Извор: Радио Слободна Европа | Датум: 31.10.2013]

Образложение

Претседателот на СРД, Зоран Трајчевски, на конференцијата на тема „Добри практики и предизвици во финансирањето на политичките партии и финансирањето на изборните кампањи“, што во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата и ОБСЕ се одржа во Скопје на 30 октомври 2013 година, истакна дека е потребна контрола врз интернет порталите, зашто, според него, никој нема законска надлежност да ги контролира содржините кои се објавуваат, а во тие медиуми влегуваат милионски суми под сомнителни околности.

Непосредно пред новогодишните празници, во весникот „Слободен печат“ беа објавени, а и на други медиуми беа пренесени точните сумите на средства што Фондацијата отворено општество ги има дадено како поддршка на медиумите.
Бројките јасно покажуваат дека не станува збор за никакви „милионски суми“, ниту, пак, за милионска сума. Според овие податоци, ФООМ во 2013 година има дадено 393.497 евра за поддршка на медиумите, а оваа сума е најголема во изминатите 5 години. Ако, пак, се соберат сумите за последните пет години и во таков случај бројката изнесува само од 803.781 евра и во никој случај не станува збор за „милионски суми“. Пред 2009 година, пак, сумите што фондацијата ги давала како помош за медиумите била незначителна со оглед на фактот што во тој период постоеја комерцијални критички телевизии (А1), како и критички весници (Време, Шпиц и Коха е Ре).

Линкови

Оценето од: Владимир Петрески

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар