ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на пешачки патеки

ВМРО-ДПМНЕ започна проект со чија реализација ќе се остварат повеќекратни придобивки, меѓу кои и создавање на атрактивни пешачки и туристички зони околу природните езера и вештачките акумулации, како и простори за спорт и рекреација. Со ова природните езера и вештачките акумулации конечно ќе станат достапни и привлечни за граѓаните и туристите во Република Македонија за секојдневна разонода, спорт и рекреација. Во тек е изградба на пешачките патеки околу езерата во општините Дојран, Велес, Маврово-Ростуше и Крушево, кои треба да завршат во текот на 2012 година. Во втората фаза ќе се уредуваат крајбрежјата на Беровското Езеро, Езеро Козјак, Преспанското Езеро и езерото Матка. Третата фаза го опфаќа уредувањето на крајбрежјата на Охридското Езеро, Прилепското Езеро, Дебарското Езеро и Глобочичкото Езеро и во четвртата фаза се предвидува да се уредуваат крајбрежјата на Тиквешко Езеро, езерото Водоча, езерото Мантово, езерото Турија, езерото Калиманци, езерото Градче, езерото Паљурци, Липковското Езеро и езерото Мавровица. [Рок: 2012 – 2016]

Образложение:

Како дел од првата фаза на овој проект изградени се пешачките патеки околу езерата во општините Дојран, Велес, Маврово-Ростуше и Крушево. Сепак, нема информации дека се завршени активностите од втората, третата и четвртата фаза на овој проект. Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014, страна 78, напоменато е дека е завршена само првата фаза од овој проект. Според тоа, ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 11.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција