ВМРО-ДПМНЕ: Модернизација на ТЕЦ Неготино

Паралелно со завршувањето на првата фаза, ќе ги преземеме и сите активности потребни за пронаоѓање на стратешки партнер за ТЕЦ Неготино и трансформирање на оваа термоцентрала од застарената и скапа технологија на мазут, во нова, модерна и еколошки поприфатлива централа на природен гас. Притоа сериозно ќе ја разгледаме можноста тоа да биде комбинирана електрана, која покрај електрична енергија ќе произведува и топлина за загревање на систем од оранжерии кои ќе бидат изградени во близина на електраната. При реализацијата на овој проект, државата ќе задржи значајно учество во сопственоста на новата гасна централа.

Образложение:

Според изјавата на директорот на ТЕЦ Неготино, Мите Јовановски, владата има во план да ја надгради термоцентралата преку приватно-јавно партнерство. Сепак, се уште не се превземени конкретни активности околу пронаоѓање на инвеститор за термоцентралата. [Ажурирано на: 23.04.2012]

Заклучно со март 2014 година, не постојат информации дека е пронајден стратешки партнер кој би ја трансформирал термоцентралата во модерна централа на природен гас. Дополнително, ТЕЦ Неготино воопшто не е споменета во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија за периодот од 2011 до 2014 година. Според тоа, може да се заклучи дека ова ветување не е исполнето. [Ажурирано на: 01.04.2014]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција