ВМРО-ДПМНЕ: Овластени приватни советници

Со цел обезбедување на определени совети во делот на менаџмент на фарма, воведување на стандарди за квалитет и други дефицитарни услуги кои не можат да се обезбедат од државната советодавна служба, финансиски ќе ги поддржиме овластените приватни советници, лиценцирани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, чии услуги по стимулативни цени ќе ги користат земјоделците. [Рок: март 2012]

Образложение:

Не постојат јавно достапни информации дека се превземени одредени активности во правец на исполнување на ова ветување. [Ажурирано на: 24.04.2012]

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција