ВМРО-ДПМНЕ: Регионална даночна академија

Ќе формираме Регионална даночна академија за обуки на даночните администрации на земјите од Југоисточна Европа. Во академијата ќе се врши обука и специјализација во даночната област, согласно со меѓународните и ОЕЦД-стандарди. Целни групи во Македонија се: вработени во УЈП, финансиски работници од органите на управата, даночни советници, даночни обврзници и студентите од факултетите за општествени науки. Бидејќи наставата ќе ја посетуваат и лица од соседните земји, формирањето на академијата ќе придонесе за намалување на даночната евазија на регионално ниво. [Рок: јуни 2013 година]

Образложение:

 

На 27 ноември 2011 година и официјално почна да функционира Даночната академија. Во неа тековно се спроведуваат едукативните програми за вработените во УЈП и за даночните обврзници, за останатите вработени во државната администрација кои соработуваат директно со Управата,  како и за корисници -приватни и други субјекти од државата чија дејност е поврзана со УЈП.

Линкови:

Промовирана даночната академија на ујп [Пристапено на: 05.04.2014]

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција