ВМРО-ДПМНЕ: Ремонт на железничката пруга во должина од 54 км од Коридор 10

Реализацијата на овој проект е прва инвестиција во последните 50 години и е во насока на зголемување на безбедноста, како и зголемување на брзината на одредени делници до максимални 120 km/h. Сегашната брзина во просек е од 40 до 50 км/ h. Со овој проект се предвидува ремонт на вкупно 54 километри од Коридорот 10 и тоа на делниците: Табановце–Куманово, во должина од 13 км,9 Ногаевци (Велешко)–Неготино, во должина од 30 км,9 Миравци–Смоквица, делница на пругата на Коридор 10 помеѓу Демир Капија и Гевгелија во должина од 12 км. Средствата во износ од 17.6 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој. [Рок: септември 2011 – декември 2013 година]

Образложение:

Најавен е почеток на реконстуркцијата на железничката која води од север кон југ. Почетокот на реконструкцијата треба да започне во октомври 2012 година. Овој проект ќе се реализира во соработка со Европската агенција за обнова и развој.  [Ажурирано на : 28.09.2012]

Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Инфраструктура“, за проектот „Ремонт на железничката пруга Коридор 10“ е наведено дека е извршен ремонт на железничката пруга во должина од 26,1 км од Коридорот 10 на делниците: Табановце – Куманово, во должина од 13 км и  Миравци – Смоквица, во должина од 13,1 км. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Во Отчетот уште се  вели дека е во тек ремонт ремонт на железничката пруга во должина од 30 км од Коридорот 10,на делницата од Ногаевци (Велешко) – Неготино во должина од 30 км. Градежните работи започнаа во ноември 2013 година и треба да завршат до крајот на 2014 година. [ Ажурирано на: 12.04.2014]

На 3 октомври е пуштена во употреба реновираната железничка пруга од Коридорот 10, делницата Миравци-Смоквица во должина од 12,4 километри [ Ажурирано на: 12.04.2014]

На 30 октомври 2013 година  е пуштена во употреба  реконструираната пруга Куманово – Табановце во должина од 12,5 километри, дел од Коридорот 10. [ Ажурирано на: 12.04.2014]

На 27 декември 2013 година почна третата фаза од Коридорот 10, поточно реконструкцијата на железничката пруга  Ногаевци – Неготино во должина од 31 километар. Се предвидува да биде готова за една година. [ Ажурирано на: 12.04.2014]

Имајќи го предвид сето ова, вклучително и изборните проекции за финиширање на проектот во декември 2013 година, може да се констатира дека  ветувањето: „Ремонт на железничката пруга во должина од 54 км Коридор 10“, е неисполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција