ВМРО-ДПМНЕ: Трансферирање и примена на стекнатото знаење

Воведување на систем за задолжително трансферирање и примена на стекнатото знаење од учесниците на меѓународни обуки, семинари и конференции, на останати јавни службеници од истата институција. [Рок: континуирано]

Образложение:

Овој модел за задолжително трансферирање и примена на стекнатото знаење од учесниците на меѓународни обуки, семинари и конференции, на останати јавни службеници од истата институција е воведен со новите законски решенија од областа на државната администрација, односно Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, кои беа донесени во февруари 2014 година. Сепак примената на овие законски решенија беше одложена за една година од нивното донесување, што значи дека и примената на овој модел за трансферирање и примена на стекнатото знаење е одложена. Според тоа, ова ветување се оценува само како делумно исполнето. [Ажурирано на: 05.04.2014]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција