ВМРО-ДПМНЕ: Ветерни фарми за електрична енергија

На приватни инвеститори, до крајот на 2012 година, ќе дадеме концесии за изградба на ветерни фарми за производство на електрична енергија по повластени тарифи на најмалку 60 МW инсталирана моќност, односно заедно со ветерната фарма на ЕЛЕМ, вкупно до 100 МW. [Рок: 2012]

Образложение:

Во недостиг на јавно достапни информации во врска со ова ветување, се обративме директно во надлежните институциу, Министерството за економија и Агенцијата за енергетика. Од таму ни беше одговорено дека во досегашниот период не се спроведени постапки за доделување на концесија за изградба на ветерни фарми за производство на електрична енергија. Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување е изминат, а тоа не е исполнето, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 02.02.2013]

Линкови: 

Оценето од: Дејан Димитревски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција