Заменети прозорците на О.У. „Гоце Делчев“ во Гостивар

 

Проект: Замена на прозорците на О.У. „Гоце Делчев„ во Гостивар.

Со реализацијата на овој проект се очекува 1700 ученици на ова училиште да следат настава во објект со нови санитарни чворови, заменети прозори и врати и нов кров. (Рок 2018 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во политичката Платформа на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), страна 822/30, Избори 2014, во областа на образованието на општинско ниво, е ветен проектот „Замена на прозорците на О.У. „Гоце Делчев“ во Гостивар, со краен рок за реализација 2018 година. Досега проектот „Замена на прозорците на О.У. „Гоце Делчев“ во Гостивар е целосно реализиран.

Проектот почна со реализација на 12 јули 2014 година, кога почна и отстранувањето на старите прозорци. На инаугурацијата на проектот беше присутен и градоначалникот на Општинa Гостивар, Невзат Бејта. Беше предвидено проектот да трае до ноември 2014 година, а замената на прозорците требаше да се направи пред почетокот на школската година, односно до месец септември (2014). (Извор: Журнал.мк)

„Ќе се направи замена на прозорците низ училниците и канцелариите каде што работи администрацијата, директорите и канцеларијата на наставниците. Со замена на прзорците ќе се заштеди енергија, а децата, вработените и наставниците ќе имаат подобри услови за работа отколку порано“. (Извор: ПроФМ)

На 22 октомври 2014, завршија работите на проектот. Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, заедно со директорот на училиштето, Сашо Шарески, заменик-директорот Сефер Елмази, ја промовираа инвестицијата во ова училиште.

„Ние како општина го изготвивме проектот, а со средства на Министерството за образование го поправивме парното греење, како што го имаат другите училишта. Проектот чинеше 35 илјади евра. Во ова училиште, исто така, ние како општина, во соработка со здружението Дрита, искористивме проект од 76 илјади евра и ги заменивме застарените прозорци со нови прозорци. Севкупно, во училиштето Гоце Делчев инвестирани се над 110 илјади евра”. 

Според методологијата на „Вистиномер“, можеме да заклучиме дека проектот „Замена на прозорците на О.У. „Гоце Делчев„ во Гостивар“, е целосно реализиран.

ИЗВОРИ:

 

 

Оцени: Рабие Абази

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.