Yearly Archives

2024

Мета факт: Делумно точна е изјавата дека Владата за два месеци од мандатот ја прошири позитивната…

Факт е дека постапката за проширување на листата со лекови е започната уште во јуни 2023 година, но и дека оваа влада го заврши процесот на додавање на нови лекови Владата во соопштение во врска со проширената позитивна листа…

Старо видео од говор на Путин залепено на неговите нови закани против Западот

Во рецензираната објава се пропушта контекстот. Стар говор на Путин од 2022 година, со поинаква содржина, која се однесува на Крим, се става во актуелен контекст како небаре да се однесува на последиците кои би настанале по евентуална…

Контраспин: Ниту Сиљановска-Давкова ја понижила државата, ниту СДСМ е лицемерна ако ја критикува

Огромна енергија, главно негативна, е потрошена во изминатите денови околу објаснувањето и презентација на штетата што ни била направена како држава и народ со тоа што Бугарија за време на фотосесијата помеѓу Радев И Сиљановска - Давкова не…

Теориите на заговор во врска со терористичкиот напад врз САД на 11 септември се пропагираат и 23…

Добро познатите теории на заговор во врска со терористичкиот напад на САД на 11 септември 2001 година, иако дебанкирани, продолжуваат да се пропагираат и повеќе од 20 години од нападот, а истите се реактуелизираат околу 11 септември кога се…

НАТО не препорачува и не подготвува војна, Русија е таа која изврши воена инвазија врз Украина

НАТО не препорачува и не подготвува војна. НАТО е одбранбена алијанса и мит е дека оваа организација е во војна со Русија или сака да предизвика конфликт со Русија, како што тоа сака да го прикаже пропагандата на Кремљ

Принцезата од Велс не пласира никакви лаги за хемотерапијата

Принцезата од Велс не зборуваше за никакви ефекти на хемотерапијата, туку само наведе дека и олеснало што завршила со циклусот на хемотерапии откако и беше дијагностициран карцином. Kако што e општо познато, хемотерапијата се користи за…

„Мета“ воведува забрана за руските државни медиуми поради „странско мешање“

Сопственикот на социјалната мрежа Фејсбук – компанијата „Мета“ вчера соопшти дека ги забранува „Раша Тудеј“ (ТР), „Росија Сегодња“ (Rossiya Segodnya) и другите руски државни медиумски мрежи, тврдејќи дека овие медиуми користеле измамнички…

АНАЛИЗА: Унгарскиот заем и должничката позиција на државата

Во оваа 2024 година од задолжување на домашниот пазар се очекува буџетски прилив во износ од 896 милиони евра, а од задолжување во странство скоро 725 милиони евра – и по двата основи има пораст на задолжувањето во однос на претходните…

ХААРП не предизвикува торнадо како што тврдат теориите на заговор

Во објавата различни фотографии од торнада во САД се поврзуваат со ХААРП, што е невистина. Исто така, појавата на торнадото е научно дефинирана и позната, а ХААРП не може да влијае на климатските промени како што теоретичарите на заговори…

Еленчето кое се дави во базен на ова видео е спасено и пуштено на слобода

Видео материјалот од објавата што ја рецензираме е компилација од три различни видеа. Но, приказната со еленчето кое почнало да се дави во базен од куќа не завршува така како што е презентирано во објавата. Напротив, тоа е спасено и…

Говор на омраза и поделби на етничка основа во антиалбанска кампања на социјалните мрежи

Како повод за поттикнување на оваа кампања на социјалните мрежи е еден пост на Фејсбук од сомнителен затворен профил, во кој што авторот без да наведе дополнителни детали, вели дека на каса во „Кипер“ маркетот во Ѓорче Петров, продавачката…

Нема докази дека Камала Харис носела обетки слушалки за време на дебатата со Трамп

Не е јасно дали некој навистина поседува пар од обетките, кои не се достапни за купување на веб-страницата на „Ајсбах“ (Icebach). Основачот и извршен директор на компанијата Малте Иверсен изјавил за Ју-ес-еј тудеј дека обетките не се на…

Лего коцки крај шините – за Коридорот 10 брза пруга, за Коридорот 8 слеп колосек

Изградба на пругата кон Бугарија ветуваа сите политички елити во овие три децении, а нејзината изградба е започната во октомври 1994 година. Само три дена по изборот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, власта испрати пораки дека…

Авион за гаснење пожари на шумската служба на САД лажно прикажан како авион на НАТО со кој нè…

Авионот прикажан во објавата која ја анализираме, нема никаква врска со НАТО, уште помаку со кемтрејлс. Станува збор за модерен систем за борба против пожари кој го користи шумската служба на САД

Истражување во фокус: детектирање на политички говори фалсификувани низ текст, аудио и видео

Во ново објавено научно истражување се истражува различните фактори што влијаат на препознавање меѓу фабрикувани од вистински политички говори, во различни медиумски формати. Резултатите покажаа дека прецизноста на препознавање на…

Видео од реклама за ресторан се споделува како снимка од свадбената веселба во Косово на која бил…

По нашата проверка на фактите, утврдивме дека ова видео нема никаква врска со свадбата на која бил претседателот на Собранието. Во дел од медиумите претходно се појави видео од свадбата на кое, како што беше објавено, може да се види и…

Измамничка објава ветува дека ќе ги спаси граѓаните од измамници

Oбјавата што ја рецензираме е измама. Фотографијата на еден од адвокатите, претставен со измислено име, е украдена, вистинската адвокатска фирма, чие име е украдено, соопштува за тоа, потврдата за регистрација на наводната адвокатска фирма,…