ВМРО-ДПМНЕ: Анализа на работата на судиите

Ќе се анализира просечната должина на водење на судските предмети на секој поединечен судија, како и бројот на одложувања по предмет што ги направил судијата и просек на одложувања за секој судија. Попрецизно ќе се следат перфомансите и работата на секој поединечен судија и ќе се врши рангирање на судиите според нивната успешност. Рок: декември 2008 година.

Образложение:

Анализа како проект е направена и тоа го потврдува и СДСМ, но работата на судиите е под голем притисок на извршната власт, а тоа го покажува извештајот на ОБСЕ од декември 2009 година за независност на судството. Имено, според истражувањето дури 43 отсто од судиите рекле дека од надвор им се мешаат во работата и тоа најмногу од извршната власт и од партиите.

Линкови

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција