ВМРО-ДПМНЕ: Фискална политика
Одржување на државниот долг на ниво меѓу 30% и 35% од БДП. Ова ниво на дефицит ќе биде исклучително поврзано со повисоките капитални инвестиции за инфраструктурни проекти, пред сè во транспортот, енергетиката, образовната и здравствената инфраструктура.
Образложение:
Во 2011 година, државниот долг во Р. Македонија во однос со БДП изнесувал 27,8%, според податоците од Државниот завод за статистика. Во 2012 година, Р. Македонија заврши со државен долг од 34,1% , додека пак следната 2013 година, долгот изнесување 34,3%. Овие бројки се во предвидената рамка во ветувањето, односно, долгот се одржуваше на ниво меѓу 30 – 35% од БДП.
Линкови:
- Државен завод за статистика [Пристапено: 11.04.2014]
- Државен завод за статистика [Пристапено: 11.04.2014]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар