ВМРО-ДПМНЕ: Национален центар за ургентна медицина

Ќе формираме современ Национален центар за ургентна медицина, за згрижување на сите граѓани што се наоѓаат во непосредна животна опасност и каде што ќе добијат квалитетна и навремена здравствена услуга. Во овој центар ќе формираме добро едуцирани интердисциплинарни тимови, составени од повеќе струки, пред сè од интернистичка и хируршка медицина. Како инвестиција и реконструкција ќе биде опфатен со третата фаза на реконструкции на здравствени институции. Носител: Министерството за здравство. [Рок: Јуни 2014 година]

Образложение:

Заклучно со 1 април 2014 година, националниот центар за ургентна медицина не е формиран. Ветувањето е ставено во делот “Неисполнети ветувања„ во  Отчетот на Владата на РМ за оствареното во периодот 2011-2014.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција