ВМРО-ДПМНЕ: Управни постапки и услуги

Ќе се спроведуваат измените на Законот за општата управна постапка и Законот за организација и работа на органите на државната управа во однос на: воспоставување на правото на жалба во управна одлука во втор степен како правило и дефинирање на истото со закон; спроведување на принципот „молчењето на администрацијата“ секаде каде што е тоа можно, во корист на граѓаните и фирмите; воспоставување на прецизни и кратки рокови за одлучување по управна постапка; ригидни казни за раководните лица во случај на непостапување во законските рокови. [Рок : декември 2011]

Образложение:

За да се испита успешноста во спроведувањето на овие измени на законите, потребно е да се направи една многу опсежна, комплексна и стручна анализа. Во неможност да се спроведе една ваква анализа за толку краток период, го пренесуваме мислењето на учесниците на конференцијата „Управно право и реформи во општата управна постапка и прекршоци“, одржана во Скопје, на 27.05.2011, според кои реформата на јавната администрација во Македонија се одвива според најдобрите европски пракси. Со усвоените измени и дополнувања на  Законот за општа управна постапка ќе се постигне зголемена ефикасност и ефективност  во остварување на надлежностите на министерствата и другите државни органи.

За ветувањето не постојат индикатори според кои може да се оцени исполнувањето и бара изведување на детална анализа на функционирањето на институциите. Поради тоа се оценува како неконкретно. [Ажурирано на: 10.11.2011]

Дополнително, според официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012 (страна 87), ова ветување е исполнето. [Ажурирано на: 18.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција