ВМРО-ДПМНЕ: Обуки за возрасни лица
Спроведувањето на ИТ-курсеви за возрасни лица би било насочено кон користење на социјални алатки за комуникација преку е-пошта преку Интернет, други електронски услуги од интерес за постарите луѓе, како и основни компјутерски вештини. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 65.000 евра. [Рок: 2012 – јануари 2015]
Образложение:
Овој проект се реализира во рамките на проектот за бесплатни обуки на граѓаните во Интернет клубовите. Според информациите од Министерството за информатичко општество и администрација, со овие обуки досега биле опфатени 4500 граѓани. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 04.04.2014]
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Министерство за информатичко општество и администрација (21.11.2011): Бесплатна обука во владините интернет клубови. [Пристапено на: 04.04.2014]
- Министерство за информатичко општество и администрација (05.12.2011): Конкурс за бесплатна обука на граѓани за работа со компјутери. [Пристапено на: 04.04.2014]
- Точка – веб портал (24.01.2012): Над 7.000 граѓани бесплатно ќе учат да работат на компјутер. [Пристапено на: 04.04.2014]
- Министерство за информатичко општество и администрација (29.07.2012): Презентирани резултатите од бесплатната обука за ИТ вештини за граѓаните во интернет клубовите. [Пристапено на: 04.04.2014]
- Министерство за информатичко општество и администрација (04.03.2013): Конкурс за бесплатна обука на граѓани за работа со компјутери. [Пристапено на: 04.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар