ВМРО-ДПМНЕ: Локација за изградба на Аква-парк

По должината на Коридорот 10, ќе обезбедиме локација за изградба на туристичка атракција „Аква-парк“ од страна на приватни инвеститори, која би ги привлекла странските посетители кои транзитираат по овој сообраќаен коридор, но и домашните посетители во текот на летната жешка сезона. [Рок: 2013]

Образложение:

Овој проект не е реализиран. Според Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија за периодот од 2011 до 2014 година, страна 95, предвидената локација е пренаменета и опфатена со проектот Студентски град. Ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 02.04.2014]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција