ВМРО-ДПМНЕ: Подобрување на искористеноста на водите од сливот на реката Злетовица

Со првата фаза од проектот овозможивме пристап на општините Свети Николе, Пробиштип, Штип и Кратово, Карбинци и Лозово со околу 100.000 жители до квалитетна вода за пиење од ХС Злетовица. Општината Свети Николе веќе ја користи водата, додека Штип планира да започне во 2012 година. Општината Пробиштип планира изградба на пречистителна станица со заем од Јапонската влада до крајот на 2012 година, додека на Карбинци и Лозово ќе им биде овозможена вода преку станиците во Штип и во Св. Николе. До крајот на 2011 година ќе подготвиме физибилити-студија финансирана од ЕИБ, која ќе ја покаже исплатливоста на следните две фази во кои се планира изградба на систем за наводнување на 4.100 ха и изградба на неколку минихидроелектрани, како и потребните активности што треба да следат. Предвидената вредност на преостанатите две фази е 55 милиони евра.

Образложение:

Заклучно со 2012 година, општината Штип се уште не ја користи водата од ХС Злетовица. На 27 јануари 2013 година беше пуштена во употреба прочистителната станица, заедно со браната Кнежево, во општината Пробиштип.

Во општините Карбинци и Лозово работните активности се во тек и се уште не им е овозможена вода на жителите на овие две општини.

Во јули 2012 година, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потпиша договор со шведската консултантска фирма „Свеко“ за изработка на физибилити-студија за утврдување на финансиската исплатливост на преостанатите две фази од изградбата на хидросистемот „Злетовица“.

Со оглед на тоа дека се исполнети само дел од предвидените активности од ова ветување, ветувањето се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 14.04.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција