ВМРО-ДПМНЕ: „Дигитална полиција“

Ќе овозможиме раководење и командување со најсложените полициски операции на специјалните единици од централен команден центар, во кој старешинскиот кадар ќе има дигитална проекција за моменталната состојба на терен. Системот ќе овозможи централно распоредување на ресурсите, врз основа на автоматска анализа на оперативни и разузнавачки податоци кои ќе се добиваат во реално време. Преку навигациски уреди ќе се следи движењето и поставеноста на секој полицаец, и ќе се добива информација за настанати повреди, потреба од медицинска помош или потреба од засилување. [Рок: декември 2012]

Образложение:

Во недостиг на јавно достапни информации во врска со ова ветување, се обративме директно во надлежната институција, а тоа е Министерството за внатрешни работи. Од таму ни беше одговорено дека во моментов Министерството за внатрешни работи не располага со централен команден центар, ниту пак со навигациски уреди со чија помош се следи движењето и поставеноста на секој полицаец.

Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување е истечен, ветувањето се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 05.03.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција