ВМРО-ДПМНЕ: Армијата за граѓаните

АРМ ќе се вклучи во граѓански проекти во соработка со општините и со другите државни институции: Ќе ги исчистиме крајбрежните појаси на вештачките езера во Република Македонија по примерот на чистењето на Преспанското Езеро; Ќе продолжиме со активности на отворени денови на единиците на АРМ, активности со припадниците од Гардата и Воениот оркестар и сл.

Образложение:

Нема информации дека Армијата на Република Македонија се има вклучено во активностите за чистење на крајбрежните појаси на вештачките езера во Република Македонија. Дополнително, овој проект воопшто не е споменат во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014. Од ова може да се заклучи дека овој дел од ветувањето не е исполнет.

Армијата на Република Македонија организираше отворени денови на единиците на АРМ и оствари поголем број на активности во кој беа вклучени припадниците од Гардата и Воениот оркестар. Овој дел од ветувањето е исполнет.

Со оглед на тоа дека едниот дел од ова ветување е исполнет, а другиот не, ветувањето се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 04.04.2012]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција