ВМРО-ДПМНЕ: Пречистителна станица за отпадни води во Волково и во Сарај
Ќе изградиме пречистителна станица за отпадни води во Волково и во Сарај. Вредност – 6 мил. евра; [Рок: Септември 2012 година]
Образложение:
Изградбата на пречистителната станица во Волково започнала на 07. 12. 2010 година и според информациите во медиумите истата требало целосно да профункционира до мај 2012 година. Додека пак изградбата на пречистителната станица во Сарај, започнала на 12.02.2011 година.
Изградбата на пречистителните станици е започната многу пред даденото ветување, но се уште не постои информација дека истите се целосно завршени.
Во отчетот на Владата на РМ, кој го покрива периодот до 20 јули 2012, е наведено:
Градежните работи за изградбата на пречистителната станица во село Волково, општина Ѓорче Петров се одвива согласно договорот. Преку 90% од градежните работи се веќе завршени.
Добиено е одобрение за градба на пречистителна станица во општина Сарај и започна изградба на пречистителна станица за отпадни води во селата Глумово и Шишево.
Линкови:
- Вечер (30.11.2010): Волково ќе добие пречистителна станица [Пристапено на: 29.10.2012]
- Утрински весник (13.02.2011): Ќе се прочистуваат отпадните води во Сарај [Пристапено на: 29.10.2012]
- Вечер (11.01.2011): Вардар ќе добие каскади! [Пристапено на: 29.10.2012]
- Вечер (07.10.2010): Почна изградбата на пречистителна станица во Волково [Пристапено на: 29.10.2012]
- Влада на РМ (18.12.2011): Адеми: Загаденоста во Скопје може да се намали со посебен сообраќаен режим и филтри на поголемите капацитети [Пристапено на: 29.10.2012]
- Министерство за животна средина и просторно планирање: Експозе за 100 дена Влада – Абдилаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање [Пристапено на: 29.10.2012]
- Дневник (22.04.2012): За пари за екологија трчаме по донатори [Пристапено на: 29.10.2012]
- SkopjeInfo (23.08.2012): По долги години ветувања, Волково се уште живее без канализација [Пристапено на: 29.10.2012]
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар