ВМРО-ДПМНЕ: Пречистителна станица за отпадни води во Волково и во Сарај

Ќе изградиме пречистителна станица за отпадни води во Волково и во Сарај. Вредност – 6 мил. евра; [Рок: Септември 2012 година]

Образложение:

Изградбата на пречистителната станица во Волково започнала на 07. 12. 2010 година и според информациите во медиумите истата требало целосно да профункционира до мај 2012 година. Додека пак изградбата на пречистителната станица во Сарај, започнала на 12.02.2011 година.

Изградбата на пречистителните станици е започната многу пред даденото ветување, но се уште не постои информација дека истите се целосно завршени.

Во отчетот на Владата на РМ, кој го покрива периодот до 20 јули 2012, е наведено:

Градежните работи за изградбата на пречистителната станица во село Волково, општина Ѓорче Петров се одвива согласно договорот. Преку 90% од градежните работи се веќе завршени.

Добиено е одобрение за градба на пречистителна станица во општина Сарај и започна изградба на пречистителна станица за отпадни води во селата Глумово и Шишево.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција