ВМРО-ДПМНЕ: Центри за кариера

По примерот на реномираните светски образовни институции, ќе формираме Центри за кариера за информирање и професионално советување за учениците во рамки на средните училишта и универзитетите. Основната функција на центрите ќе биде обезбедување на стручна помош за професионална ориентација на учениците. Младите лица уште во текот на образовниот процес ќе се подготвуваат за пазарот на труд преку обуки и практична работа. Центрите ќе обезбедуваат и советодавни услуги за изработка на кариерен план, симулација на интервју и посредување за практична работа. [Рок: јануари 2012 – континуирано]

Образложение:

Во средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“, Битола, на 29.11.2011г. свечено беше отворен Центар за кариера.

На 27 јануари, 2012 година проектот Мрежа ЈЕС одбележа два нови почетока во општина Тетово: повторното отворање на реновираниот работен клуб во Центарот за вработување во Тетово и новоотворениот и опремен Центар за кариера во средното текстилно училиште „Моша Пијаде“

Во рамките на проектот Центри за кариера, отворени се центри во Прилеп и тоа во  СОУ „Мирче Ацев“ и во СОУ „Ѓорче Петров“ на 30.10.2012.

Во февруари 2013 година беше промовиран новиот Акциски план за вработување до 2015 година, на  млади од 15 до 29 годишна возраст. Притоа беше истакната потребата од формирање центри за кариера во средните училишта и на факултетите, како линк на младите со бизнис-секторот. [Ажурирано: 11.04.2014]

Во ноември 2013 година во градежниот училиштен центар „Здравко Цветковски“ во Скопје беше Отворен Центар за кариера. [Ажурирано: 11.04.2014]

Може да се каже дека ветувањето: „Центри за кариера“ е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција