ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на 400 kV интерконективен далекувод ТС Битола 2 (Македонија) – ТС Елбасан (Албанија)

Ќе ја започнеме изградбата на 400 kV интерконективен далекувод ТС Битола 2 (Р. Македонија) – ТС Елбасан (Р. Албанија). Должината на овој далекувод се планира да изнесува околу 90 km. Во рамките на овој проект ќе биде изградена нова 400/110 kV трафостаница во Охрид. Овој проект ќе претставува прво поврзување на електроенергетските системи на Македонија и Албанија, а истовремено со реализација на проектот ќе се затвори енергетскиот коридор 8 и на тој начин Македонија ќе претставува вистинска енергетска крстосница на Балканот. Градбата на овој далекувод ќе ја започнеме во 2014 година и ќе трае 30 месеци, а неговата вредност е околу 35 милиони евра; [Рок: 2014 – 2017]

Образложение:

Според информациите, досега беа изработени Студија за влијанието врз животна средина и Физибилити-студија за оправданост на целокупниот проект, а во тек е изработката на техничката документација. Сепак, според изјавата на министерот за економија, Ваљон Сарачини, наместо во 2014 година како што беше првично најавено, изградбата на далекуводот ќе започне во 2015 година по завршувањето на сите административни процедурите. Со оглед на тоа дека се доцни со изградбата на овој далекувод, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 04.04.2014]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција