Адитивите Е120 и Е904 се во употреба во прехранбената индустрија со децении

Фото:Alexander Lesnitskya href="https://pixabay.com/zh//?utm_source=link-attribution&utm_medium=referral&utm_campaign=image&utm_content=1498439">Pixabay

Во објавата се презентираат два адитива – Е120 и Е904, како некаква новина, но тоа не е точно.  Овие адитиви ги има во различни видови прецесирана храна која се консумира секој ден, а во најразлични прехранбени продукти се наоѓаат барем од 1990 година. Нивната употреба не е поврзана со Светскиот економски форум, ниту со Клаус Шваб, ниту со Бил Гејтс

 

Во објавата се презентираат два адитива – Е120 и Е904, како некаква новина, но тоа не е точно. Овие адитиви ги има во различни видови прецесирана храна која се консумира секој ден, а во најразлични прехранбени продукти се наоѓаат барем од 1990 година. Нивната употреба не е поврзана со Светскиот економски форум, ниту со Клаус Шваб, ниту со Бил Гејтс

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

НОВИТЕТИ ОД КУЈНАТА НА WEF (Worm Eating Freaks)! Што ветија – остварија! Од кујната на лидерите на СЕФ (WEF) за наивниот народ веќе се зготвени прехрамбени продукти кои содржат инсекти. Ќе ги препознаете по тоа што ги содржат кодираните ознаки Е120 и Е904. Уште во 2021 година, авторот на “Големото ресетирање” и лидер на Светскиот економски форум (WEF), Клаус Шваб, тврдеше дека „треба да им ја дадеме на инсектите улогата што ја заслужуваат во нашите системи за исхрана“. Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој се смета за најголем приватен сопственик на обработливо земјиште во САД, во 2019 година инвестирал 100.000 долари во старт-ап за одгледување инсекти. Овој негов потфат беше пофален од WEF со коментар дека бубачките имаат „потенцијал да го нахранат светот. ” И еве сега: Voilà – повелете, послужете се, наивковци! Со овој, уште еден од низата потези против човештвото, тие се осудија на удобно место во огнената ложа, каде што “црвот не умира и огнот не згаснува”! (Марко 9:43-44) ДОЈДИ ГОСПОДЕ ИСУСЕ ХРИСТЕ ШТО ПОБРГУ!

Во склоп на објавата се презентира фотографија на која пишува дека сите прехранбени продукти што на себе ги имаат ознаките Е120 и Е904 во себе содржат инсекти.

Додатокот на храната Е120, исто така, се вика  кармин и има црвено-виолетова боја. Точната боја на Е120 зависи од киселоста на медиумот. Карминичната киселина, од која се произведува адитивот Е120, се добива на многу интересен и оригинален начин – од инсекти. Поточно, од телата на некои женски инсекти кои живеат на растителните површини во Перу, Америка и Канарските Острови. Карминичната киселина е пигмент на телото на женскиот кохинеал или неговите јајца. За производство на бојата E120, женките се собираат пред да ги снесат јајцата, кога нивната боја станува црвена. Адитивот E120 е поскап од другите бидејќи за да се направи еден килограм кармин, потребен е огромен број инсекти, а самиот процес е многу трудово интензивен. Индијците од Латинска Америка традиционално користеле кармин за боење ткаенини, а во Ерменија, покрај боење ткаенини и предива, карминот уште од античко време се користел за пишување минијатури на пергамент. Но, масовното производство на адитивот Е120 започна во 1990-тите кога претприемчиви бизнисмени дојдоа до идеја да користат кармин како боја за прехранбената индустрија. Следствено, наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, употребата на овој адитив во храната нема врска со Светскиот економски форум, ниту со Клаус Шваб, туку се работи за пракса во прехранбената индустрија што масовно се користи 30 години.

Карминот е безопасен додаток и е дозволено да се користи и на територијата на Руската Федерација, бидејќи не се откриени несакани ефекти во концентрациите што се користат во прехранбената индустрија. Но, има мал процент на луѓе во светот кои се алергични на адитивот Е120 и слични состојки. Карминот содржан во производот може да предизвика анафилактичен шок кај овие луѓе. Исто така, во ретки случаи, адитивот E120 може да предизвика алергиски реакции при контакт со кожата. Освен тоа, адитивот Е120 се користи во преработка на риба и месо, млечни и кондиторски индустрии, за алкохолни и безалкохолни пијалаци. Бојата за храна E120 се користи и во производството на колбаси, сосови, кечап, глазура, сокови и желе. Другите употреби на кармин се во микроскопијата, за боење на хистолошки лекови, за шминкање и за производство на уметнички бои. Тука е листата на некоја храна што содржи Е120 и во неа влегуваат долгогодишни познати брендови на слатки, чоколади и кондиторски производи, овошни јогурти, салами, колбаси итн. Адитивите се синтетички или природни супстанци кои се додаваат во храната за да се подобри нејзиниот квалитет, изглед и вкус, да се зачува свежината и да се олесни преработката на храната.

Адитивот во храната Е904 уште се нарекува шелак и е еден вид природна смола генерирана од Laccifer laccas која главно паразитира некои тропски и суптропски дрвја во Југоисточна Азија и Индија. На меѓународно ниво, тој е познат како додаток на храна E904, што се однесува на состојките за отпорни на пламен. Првата употреба на оваа смола датира од пред 1000 години п.н.е. Денеска се користи и во фармацијата.

 

Шелакот е нерастворлив во вода и масти и убави својства на водоотпорност, отпорност на светлина и електрични изолациски својства. Адитивот за храна E904 се користи за третирање на површината на свежо овошје како портокали, праски, круши, јаболка и дињи; се користи и како облога во бонбони, чоколади, производи од брашно премачкани со шеќер, кафе и друго. Не се користи само во прехранбената индустрија туку и за производство на маслени бои, лакови за дрвени музички инструменти и мебел. Во ЕУ и САД е одобрен за човечка употреба.

Овде е листата на производи во коишто се пронаоѓа овој адитив.

Поради тоа што овие адитиви се во употреба во прехранбената индустрија со децении, до степен да се и национално регулирани на ниво на САД и на ЕУ во смисла на тоа дека се дозволени за човечка употреба, ги има во производи кои секојдневно се користат па дури и во фармацијата, апсолутно е неточно да се тврди дека сега нешто специјално се случува со нив, односно дека поради Светскиот економски форум се случуваат промени па сега се користат.

Точно е дека во јануари 2023 година ЕУ дозволи домашните штурци и ларвите на брашнарските црви да бидат дозволени како храна во ЕУ во прашкаста форма. Оваа храна на етикетата мора да има јасна информација дека во себе има прашок од овие инсекти, вклучително со името и видот на инсектот и потенцијалните алергиски реакции што може да ги предизвика. Исто така, ЕУ наведува дека брашнарските црви може да претставуваат ризик за луѓето коишто се подложни на анафилакса (сериозни алергиски реакции). Како што Вистиномер веќе пишуваше, обележувањето ќе биде назначено веднаш до листата на состојки, така што консументите ќе знаат дали прашакот од инсекти бил додаден, на пример, во бисквитите.

Дека на етикетата мора да биде наведено дека производите можат да предизвикаат алергиски реакции, пишува во самиот документ за одобрението.

Европската комисија донесе регулатива со која од 3 јануари 2023 година на пазарот се одобрува употребата на прав од акета доместикус (домашен штурец), како нова храна. Според документот објавен на линкот, на 24 јули 2019 година компанијата Крикет Оне Ко (апликантот), аплицирала во Европската Комисија за авторизација на овој прав на пазарот во ЕУ како нова храна. Правот е од домашен штурец со намера да се користи во целозрнести лебови, крекери и лепчиња, во житни барови, суви миксови за печење, бисквити, производи од паста со и без полнење, сосови, процесирани производи од компири, пица, супи и концентрати за супа, пијалаци слични на пиво, во чоколадо и други производи наменети за широката популација.

На 23 март 2022 година Европската комисија усвои научно мислење за безбедноста на овој прав. Во научното мислење, се вели дека правот од домашен штурец е безбеден ако се користи под пропишаните услови и ако се користи во нивоата и количините кои се пропишани.

Употребата на инсекти како алтернативен извор на протеини не е нова, а инсектите редовно се јадат во многу делови од светот. Една неодамнешна студија направи синтеза и покажа дека околу 2.000 видови инсекти се јадат во повеќе од 100 земји ширум светот, пишува сервисот за проверка на факти од Романија, Веридика.

Инсектите кои можат да се јадат, особено штурците, се дел од традиционалната исхрана на неколку земји во Азија, како Кина, Јапонија, Тајван, Камбоџа, Лаос, Мјанмар, Виетнам, Тајланд, но и во Екваторијална Африка, па дури и во Мексико. Нивното консумирање се одвива во различни форми и во различни прилики. Нивната подготовка обично вклучува пржење или варење на пареа за конзумирање како главно јадење или закуска.

Во својата анализа за лажните вести поврзани со инсектите за јадење, Едмо.еу идентификува три главни дезинформациски наративи меѓу кои и тој дека граѓаните на ЕУ ќе јадат инсекти дури и против нивна волја. Употребата на инсекти како алтернативен извор на протеини не е нова, а инсектите редовно се јадат во многу делови од светот и тоа не е поврзано ни со Клаус Шваб ни со Бил Гејтс.

На сајтот на СЕФ е објавено мислење од 12 јули 2021 година од Антоин Хуберт за тоа зошто на инсектите би требало да им се даде шанса во системот за исхрана, со фокус на тоа дека до 2050 година ќе има уште 2 милијарди луѓе на планетата и поради тоа што се работи за пријателски пристап кон животната средина. Но, никој не ги принудува луѓето да јадат инсекти ниту пак го крие тоа од нив, туку е обележано на етикетите. Сепак двата адитиви споменати во објавата што ја рецензираме се во употреба со години и немаат врска со СЕФ, Бил Гејтс или Клаус Шваб.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција