Анкетната комисија за Онкологија воопшто не гласаше за предлог-заклучоци, ниту, пак, утврди одговорност

Рашела Мизрахи Фото: Принтскрин видео

Анкетната комисија не утврди ничија политичка одговорност, туку пратениците од парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ предводени од пратеничката Рашела Мизрахи ги презентираа своите заклучоци, кои не беа ниту ставени на гласање во Анкетната комисија, ниту пак, го добија мнозинството гласови за да бидат „заклучоци на Анкетната комисија“

Анкетната комисија не утврди ничија политичка одговорност, туку пратениците од парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ предводени од пратеничката Рашела Мизрахи ги презентираа своите заклучоци, кои не беа ниту ставени на гласање во Анкетната комисија, ниту пак, го добија мнозинството гласови за да бидат „заклучоци на Анкетната комисија“

 

 

Рецензираме објави споделени од страна на повеќе медиуми (тука, тука, тука) во кои е пренесена дезинформација. Според насловот на сите текстови објавени и на социјалната мрежа Фејсбук во постови, (тука, тука и тука) се информира дека:

Анкетната Комисија за скандалот Онкологија утврдила политичка одговорност.

Но, ова е невистина со оглед на тоа што презентираните заклучоци во објавите кои ги рецензираме не се на сите пратеници од Комисијата, воопшто не се ставени на гласање до моментот на пишувањето на оваа рецензија и не се изгласани, па согласно тоа не се ниту заклучоци на Анкетната комисија.

На 27 ноември годинава, откако во Собранието имаше седница на Анкетната комисија за утврдување евентуална политичка одговорност за скандалот Онкологија, на социјалните мрежи и во медиумите, беше презентирана дезинформација. Имено, на седницата на 27 ноември, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи, пред пратениците во Комисијата, прочита нејзини лични заклучоци кои во исто време се и заклучоци поддржани од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие заклучоци не беа ставени на гласање и на нив остро се спротивставија пратениците од СДСМ и ДУИ кои се дел од Анкетната комисија и кои го имаат мнозинството на членови во Комисијата. Со самото тоа што дента предлог-заклучоците на пратеничката Рашела Мизрахи не беа ставени на гласање, апсолутно е неможно да е вистина оти „Анкетната комисија утврдила одговорност за шест лица за скандалот Онкологија“, како што тоа беше презентирано во медиумите и на социјалните мрежи.

Одговорноста на Анкетната комисија, според Деловникот се утврдува со гласање и мнозинство. Но, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на Анкетната комисија предложија посебни заклучоци кои не се ни приближно слични и ниту едните, ниту другите не се изгласани, односно усвоени.

Дека овие заклучоци не се заклучоци на Анкетната комисија и дека не може да се каже оти е утврдена одговорност поради тоа што не се гласани и усвоени од мнозинството пратеници, потврдува тоа што пратеничката група на СДСМ се спротвистави на нив, побара оставка од Мизрахи и предложи свои сосема поинакви заклучоци.

Дека заклучоците не се изгласани ниту оние кои се поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ниту оние кои се на пратеничката група на СДСМ, потврдува и оваа прес-конференција. На неа пратениците на СДСМ ги кажаа заклучоците кои тие ќе ги предложат на Анкетната комисија и кои не се нималку слични со оние на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во заклучоците на пратеничката група на СДСМ, нема имиња и презимиња на политичари со евентуална политичка одговорност, а во оние на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ наведени се шест имиња и презимиња на поранешни директори на здравствените институции во државата, за кои Мизрахи презентираше личен став и став на нејзината пратеничка група дека имаат одговорност за скандалот Онкологија. Презентацијата на тие ставови, сепак не ги прави „заклучоци на Анкетната комисија“, бидејќи заклучоците се гласаат од мнозинството и дури тогаш стануваат официјални заклучоци, а дотогаш се предлози.

Во Анкетната комисија има мнозинство пратеници од СДСМ и ДУИ а помалку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. За чиј било предлог-заклучоци да биде изгласан, тој мора да добие повеќе од половина од гласовите.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина оти Анкетната комисија утврдила одговорност за шесте лица наведени во објавите, бидејќи тие беа лица предложени како одговорни од пратеничката Рашела Мизрахи, воопшто не беа гласани тој ден и не ја добија поддршката од мнозинството пратеници на Анкетната комисија.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција