Бајден не носи маска на ова видео, туку видеото е со висок контраст
Постот лажно тврди дека на одреден веб сајт ги имало сите обвиненија за злосторство против човештвото, дека ковид пандемијата и заклучувањата биле дел од план за депопулација на црното племство и слични теории на заговор. Воедно се постира видео со кое јавноста треба да биде уверена дека не станува збор за Џо Бајден, туку за негово двојник затоа што наводно носел маска…
Во пост на Фејсбук лажно се тврди дека на одреден веб сајт ги имало сите обвиненија за злосторство против човештвото, дека ковид пандемијата и заклучувањата биле дел од план за депопулација на црното племство и слични теории на заговор. Воедно, се постира видео со кое јавноста треба да биде уверена дека не станува збор за Џо Бајден, туку за негов двојник затоа што, наводно, носел маска…
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува видео на кое се наоѓа претседателот на САД Џо Бајден. Во постот се вели:
14.05 2023 Сите обвиненија за злодела против човештвото ги има онлајн на страницата PACER.GOV https://pacer.uscourts.gov/ (јавен пристап до електронски снимки). Многумина се заменети. Ковид заклучување 2020, шах мат на планот за депопулација на црното племство, Ватикан.
Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Клипот во кој американскиот претседател Џо Бајден го чеша вратот е снимен на аеродромот во Даблин, Ирска, на 12 април 2023 година. Поради високиот контраст во видеото, наборите на кожата на Бајден силно се истакнуваат. Тоа не значи дека Бајден носи маска. Не е вистина дека политичарите се заменети со двојници. Такви невистинити тврдења веќе беа предмет на нашите рецензии со оглед на тоа што се работи за наратив од кој поддржувачите на Кју Анон не се откажуваат со оглед на тоа што истиот е еден од столбовите на нивната недокажана и многупати побиена теорија.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар