Бајден нема да биде повлечен затоа што е позитивен на ковид
Од прес-конференцијата во Белата кужа е евидентно дека претседателот на САД, Бајден продолжува да ги извршува своите обврски во изолација. Бајден има благи симптоми, замор и течење на носот со повремена сува кашлица која почнала претходната вечер пред да се тестира. Претседателот е целосно вакциниран, има примено и две бустер дози и е почнато негово третирање со лекот „Паксловид“
Од прес-конференцијата во Белата куќа е евидентно дека претседателот на САД, Бајден продолжува да ги извршува своите обврски во изолација. Бајден има благи симптоми, замор и течење на носот со повремена сува кашлица која почнала претходната вечер пред да се тестира. Претседателот е целосно вакциниран, има примено и две бустер дози и е почнато негово третирање со лекот „Паксловид“
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека американскиот претседател Џо Бајден е ковид позитивен и затоа ќе биде повлечен.
21.07.2022Ковид позитивен – ќе биде повлеченДали ова значи јавен камбек на Трамп,да видиме, се вели во постот.
Не е вистина дека американскиот претседател Бајден ќе биде повлечен, иако е вистина дека тој е позитивен на коронавирусот, како што објави и Белата куќа.
На прес-конференција на Белата куќа, по добиениот позитивен тест на Бајден за коронавирусот, беше објавено дека претседателот ќе се изолира во содејство со препораките на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (40 минута и 45 секунда во видеото). На 39 минута и 31 секунда од видеото се објаснува дека Бајден се тестирал како дел од рутинската програма во Белата Куќа за скриниг со антигенски тест и бил позитивен. Овој резултат бил потврден веднаш потоа и со ПЦР тест. Претседателот Бајден во моментот има благи симптоми, замор и течење на носот со повремена сува кашлица која почнала претходната вечер пред да се тестира. Претседателот е целосно вакциниран, има примено и две бустер дози и е почнато негово третирање со лекот „Паксловид“, како што извести „Њујорк Тајмс“.
Третманот е 30 апчиња кои треба да се земат во пет дена, а како што кажа на прес-конференција доктор Ашиш Жа, на Бајден му било препорачано да престане да зема две терапии кои ги прима вообичаено (апчиња за намалување на холестеролот и разредувачи на крвта), за да не дојде до интеракција со „Паксловид“.
Понатаму во видеото од прес-конференцијата се кажува дека претседателот на САД работи од дома и дека реализирал неколку телефонски повици дента – му се јавил на сенаторот Кејси, разговарал со повеќе градоначалници, роднини и амбасадори, како и дека бил активен на социјалните мрежи, (41 минута од видеото).
На 42 минута од прес-конференцијата се открива дека Бајден рекол дека се чувствува добро, има сува кашлица, заморен е, но дека работи многу напорно за американските граѓани. Докторот Ашиш Жа во 42 минута и 43 секунди од прес-конференцијата вели дека претседателот звучел одлично и дека работел цело утро. Од сите овие погоренаведени факти, евидентно е дека за претседателот на САД се грижи голем тим лекари кој наведе дека фактот што тој е двапати вакциниран и има примено 2 бустер дози, како и тоа што ќе биде третиран со моќен антивирален лек „Паксловид“, драматично го намалува неговиот ризик од компликации.
Од прес-конференцијата е евидентно дека претседателот на САД, Бајден продолжува да ги извршува своите обврски во изолација, дека нема најава за негова смена односно повлекување од функцијата како што се тврди во постот. Оттука оценуваме дека не е вистина дека Бајден ќе биде повлечен затоа што има ковид. И поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп кога беше позитивен на коронавирусот на 3 октомври 2020 година, остана да ги извршува своите обврски, притоа лекувајќи се согласно препораките од неговиот медицински тим. Тој тогаш продолжи да ја извршува функцијата и од воената болница каде беше префрлен со лесни симптоми.
Конечно, никој во САД нема ниту покренато било каква расправа по ова прашање, затоа што никогаш порано не се случило да се покрене иницијатива за повлекување на претседател заради болест. Единствено потпретседателите на Роналд Реган и Џорџ Буш привремено ја имаа преземено претседателската функција кога овие двајца претседатели беа подложени на хируршки операции или интервенции под анестезија во текот на мандатот, но овде тоа не е случај.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар