Дезинформација е дека вакцините се извор на мутанти и болести

Фото: pxhere.com

Дека вакцините се извор на мутанти и болести е надвор од секоја логика. Нема ниту еден податок од ниту едно релевантно истражување што може да ги потврди ваквите антиваксерски тврдења. Она што е факт е дека ниту една од одобрените вакцини не содржи жив вирус што предизвикува ковид-19. Ова значи дека вакцината не може да нè разболи со ковид-19, како што тврди постот. Вакцината е најмоќното оружје во борбата против овој вирус. Повеќе вакцинирани лица не само што значи повеќе заштитени лица, туку и помалку шанси за мутации на вирусот и формирање на некоја варијанта којашто би можела да биде отпорна на вакцините, па светот повторно да се врати на почеток со милиони заболени и илјадници починати секојдневно 

Дека вакцините се извор на мутанти и болести е надвор од секоја логика. Нема ниту еден податок од ниту едно релевантно истражување што може да ги потврди ваквите антиваксерски тврдења. Она што е факт е дека ниту една од одобрените вакцини не содржи жив вирус што предизвикува ковид-19. Ова значи дека вакцината не може да нè разболи со ковид-19, како што тврди постот. Вакцината е најмоќното оружје во борбата против овој вирус. Повеќе вакцинирани лица не само што значи повеќе заштитени лица, туку и помалку шанси за мутации на вирусот и формирање на некоја варијанта којашто би можела да биде отпорна на вакцините, па светот повторно да се врати на почеток со милиони заболени и илјадници починати секојдневно 

 

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека вакцините се извор на мутанти и болести, дека вирусот треба да го снемува, иако не се сите вакцинирани и дека маски мора да носат сите па дури и две годишни деца. Ниедно од овие тврдења не е вистинито.

НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ПРЕДВИДИ КАКО ЌЕ ЗАВРШИ В@КСАЈНС КОШМАРОТ?!?

КАЈ В@КСИНИСАНИТЕ СЕ СЛУЧУВА ОБРАТЕН ЕФЕКТ – ИЗВОР  НА МУТАНТИ И БОЛЕСТ!

ЗАРЕМ ОВАА ГРДА КАМПАЊА ПРЕКУ МЕДИЦИНСКИ ФАШИЗАМ НЕ Е ДОВОЛЕН ПОКАЗАТЕЛ ЗА “КОНСПИРАЦИЈАТА”  ДА СТАНЕ РЕАЛНОСТ???

Дека вакцините се извор на мутанти и болести е надвор од секоја логика. Нема ниту еден податок од ниту едно релевантно истражување што може да ги потврди овие антиваксерски тврдења. Она што е факт е дека ниту една од одобрените вакцини не содржи жив вирус што предизвикува ковид-19. Ова значи дека вакцината не може да нè разболи со ковид-19. Лесните симптоми пријавени од вакцинирани лица (болка, црвенило на кожата на местото на инјектирање, главоболка и покачена температура) се само доказ дека се активирал имунолошкиот систем.

Во постот уште се вели:

Со две дози вакцинирани се околу 50 отсто од населението, што е околу 160 милиони лица, а 35 милиони биле заразени со вирусот, што помножено со асимптоматските случаи, ја дава бројката од над 100 милиони Американци. Се на се, во земјата ВИРУСОТ БИ ТРЕБАЛО ДА ГО СНЕМУВА, А СЕ СЛУЧУВА ТОКМУ СПРОТИВНОТО.

Но и покрај тоа што во САД има завидно ниво на вакцинирани, тоа не значи дека е постигнат колективен имунитет, а со тоа не може да се тврди дека вирусот треба да го снемува. Вирусот ќе го има сè додека има на кого да се „закачи“. А, штом 50 отсто од населението е невакцинирано, вирусот има каде да се шири и нема да го снема додека не се постигне колективен имунитет.

Освен тоа, со вирусот може да се инфицираат и оние коишто не се целосно имунизирани. Вакцините го намалуваат ризикот од инфекција и болести, но не се совршени. Тие го намалуваат ризикот, но не го елиминираат. Како што сме пишувале досега неколкупати и како што надлежните институции секојдневно информираат, ниту една вакцина не штити 100 проценти од вирусот.  Тие заштитуваат од развивање тешки форми на болеста, хоспитализација и смртни случаи. Одредени вакцинирани лица ќе се заболат, ама вирусот ќе го поминат многу полесно.

Уште една невистина која е напишана во објавата е дека властите во САД препорачуваат маски да носат сите па дури и деца над две години.

Соочени со закана од уште заразни варијанти, на надлежните им е важно е да ги ограничат можностите за ширење на вирусот. Тоа значи, меѓу другото, носење маски – мерка што повторно ја препорачува американскиот Центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) дури и за вакцинираните.

Во најновите препораки на ЦДЦ навистина повторно се препорачува да се носат маски во затворени простории, но дезинформација е дека се препорачува сите да носат маска, ниту пак, се спомнува носење маски кај мали дечиња. Сите мерки се однесуваат за лица над 12 години.

ЦДЦ препорачува и вакцинирани лица да носат маски во јавни затворени површини во области каде што има значителна или висока трансмисија. Ова го препорачуваат поради инфекциите со делта варијантата, која забрзано се шири и има случаи на инфекции и кај мал дел од луѓето кои се целосно вакцинирани. Од ЦДС информираат дека целосно вакцинираните луѓе кои ќе се инфицираат со делта сојот може да го пренесат вирусот на други.  За да се намали ризикот да се заразат со делта варијантата и потенцијално да ја пренесат на другите, ЦДЦ препорачува целосно вакцинирани луѓе да носат маски во затворен простор.

Во објавата се вели дека „тврдењето оти ново заразените се само меѓу невакцинираните се чини претерано“. Не може за нешто што е засновано на реални фактички податоци поткрепени со официјални докази да се каже дека е „претерано“, само затоа што некому така му одговара. Официјалните податоци во САД велат дека бројот на вакцинирани кои се заболени од вирусот е далеку помал од бројот на оние кои се невакцинирани, а се заразиле. Всушност, речиси сите случаи на ковид-19 хоспитализации и смртни исходи (9 во 10 случаи), се случиле кај луѓе кои се невакцинирани или сè уште не се целосно вакцинирани.

Вакцината е најмоќното оружје во борбата против овој вирус. Повеќе вакцинирани лица не само што значи повеќе заштитени лица, туку и помалку шанси за мутации на вирусот и формирање на некоја варијанта којашто би можела да биде отпорна на вакцините, па светот повторно да се врати на почеток со милиони заболени и илјадници починати секојдневно. Затоа, ваквите објави на социјалните мрежи кои имаат намера да ги одвратат граѓаните од вакцинација преку ширење на дезинформации се особено штетни.

 

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција