Дип фејк видео манипулира дека генералот Залужни подготвува воен удар

Фото: Принтскрин видео

Видеото во кое врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, наводно повикува на воен удар и зборува против украинскиот претседател Володомир Зеленски е висококвалитетна лажно видео, таканаречено „deepfake“, создадено со помош на вештачка интелигенција

Видеото во кое врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, наводно повикува на воен удар и зборува против украинскиот претседател Володомир Зеленски е висококвалитетно лажно видео, таканаречено „deepfake“, создадено со помош на вештачка интелигенција

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува видео според кое врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, наводно повикува на воен удар и зборува против украинскиот претседател Володомир Зеленски. Ова не е точно, видеото е со изменета содржина.

ЕВЕ ГЛЕДАЈТЕ И СЛУШАЈТЕ КОЈ Е НАЦИСТОТ ЗЕЛЕНСКИ, пишува во објавата.

На интернет нашироко се споделува видео во кое човек кој личи на врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, изјавува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски наводно го „ликвидирал“ неговиот помошник и се подготвува да ја „предаде“ земјата на непријателот.

Тој зборува на Украински, а во видеото има превод на српски. Според видеото, тој наводно, го повикува населението во Украина да излезе на плоштадите во нивните градови, а војската да не ги почитува „криминалните наредби на властите“.

Зеленски е непријател на нашата држава. Поради него целосно потфрливме во контраофанзивата. Ги повикувам Украинците да излезат на плоштадите, а сите бранители на Украина да не ги слушаат криминалните наредби на нивните команданти. Веднаш распоредете го оружјето и влезете во Киев, вели мажот во видеото.

Но Залужни никогаш не дал ваква изјава.

Всушност, ова видео е висококвалитетно лажно видео, таканаречено „deepfake“, создадено со помош на вештачка интелигенција. Кога креирате deepfake видеа, некои слики или видеа се надредени на други видеа. За таква манипулација, се користи техника за машинско учење наречена GAN – генеративни непријателски мрежи. Оваа технологија може да се користи и за лажирање на глас.

Проверувачите на факти Stop fake утврдиле дека видеото е вештачки обработено со помош на алатката Deepware. Оваа алатка ви овозможува да откриете манипулации на лицето кои се генерирани од вештачката интелигенција. Deepware Scanner, по анализата направена на видеото споделувано на социјалните мрежи, утврди дека видеото е сомнително и има знаци на пречки.

Дека станува збор за „дип фејк“ говори и квалитетот на видеото и изгледот на личноста. Ако погледнете внимателно, можете да забележите „блескаво“ осветлување, неприродно движење на очните капаци и устата, а исто така, во некои моменти, несовпаѓање помеѓу изразите на лицето и неговиот говор.

Користејќи обратно пребарување на слики на Гугл, може да се најде и оригиналното видео, кое е искористено за создавање на лажното видео. Ова е видео порака од врховниот командант на вооружените сили на Украина во која тој говори за ескалацијата на ситуацијата на териториите на првата линија на Украина и е објавено на 18 февруари 2022 година.

Лажното видео се дистрибуира на интернет главно преку анонимни канали на Телеграм и проруски групи. Аналитичарите од Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност на Украина успеаја да откријат дека ова видео првпат го објавил Телеграмскиот канал „Радио Труха“, во чиј опис се наведува дека објавуваат и хумористична содржина.

Со ширење на ваквите лаги, Русите сакаат за посеат паника меѓу населението и да креираат раскол меѓу владата и армијата, тврди Центарот за борба против дезинформации.

 

Заклучуваме дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужми не повикал на воен удар, ниту говорел против Зеленски. Ова видео е дип фејк и објавата ја оценуваме како изменета содржина (altered content).

 

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција