Фејсбук објава манипулира со познатиот д-р Оз и нуди магичен рецепт за брзо слабеење
Иако состојките од којшто е составен рецептот што се споделува во објавата, може да имаат здравствени придобивки кога се консумираат во умерени количини и како дел од урамнотежена исхрана, сепак нема докази дека поседуваат магични својства за согорување маснотии и губење на седум килограми за три дена, како што се тврди. Дополнително на фотографијата што ја придружува објавата е прикажан д-р Оз, а тврдењето дека тој е лекар од Турција е погрешно. Д-р Мехмет Оз, иако има турско потекло, е американски кардиохирург и телевизиско лице, а не лекар кој работи во Турција. Тој е роден во Кливленд, Охајо, САД, својата медицинска диплома ја стекнал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Пенсилванија
Иако состојките од којшто е составен рецептот што се споделува во објавата, може да имаат здравствени придобивки кога се консумираат во умерени количини и како дел од урамнотежена исхрана, сепак нема докази дека поседуваат магични својства за согорување маснотии и губење на седум килограми за три дена, како што се тврди. Дополнително на фотографијата што ја придружува објавата е прикажан д-р Оз, а тврдењето дека тој е лекар од Турција е погрешно. Д-р Мехмет Оз, иако има турско потекло, е американски кардиохирург и телевизиско лице, а не лекар кој работи во Турција. Тој е роден во Кливленд, Охајо, САД, својата медицинска диплома ја стекнал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Пенсилванија
Многу вирална објава на социјалната мрежа Фејсбук нуди рецепт за брзо слабеење и лажно го преставува доктор Оз како лекар од Турција.
Малкумина може да поверуваат: Доктор од Турција откри кој пијалок толку многу ги празни цревата што за 3 дена се губат 7 килограми, пишува во објавата.
Во ерата на социјалните мрежи, премногу е лесно да налетате и притоа да поверувате на објави кои ветуваат чудесни резултати со минимален напор. Ширењето на разни рецепти кои промовираат магични лекови кои не се поддржани од медицинската наука е загрижувачки тренд на платформите на социјалните медиуми.
Објавата што кружи на Фејсбук за наводен рецепт за брзо губење на килограмите, придружена со слика на д-р Оз кој е манипулативно означен како лекар од Турција, ја нагласува зголемената потреба за проверка на фактите.
Иако состојките од којшто е составен рецептот може да имаат здравствени придобивки кога се консумираат во умерени количини и како дел од урамнотежена исхрана, сепак нема докази кои сугерираат дека поседуваат магични својства за согорување маснотии и губење на седум килограми за три дена, како што е наведено во објавата.
На манипулацијата дополнително додава тоа што на фотографијата што ја придружува објавата е прикажан д-р Оз, добро позната личност во медицината, но и во медиумите. Сепак, тврдењето дека тој е лекар од Турција е погрешно. Д-р Мехмет Оз, иако има турско потекло, е американски кардиохирург и телевизиско лице, а не лекар кој работи во Турција. Тој не е ни роден во Турција, туку неговите родители имаат турско потекло. Оз е роден во Кливленд, Охајо, САД и ја стекна својата медицинска диплома на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Пенсилванија. Погрешното интерпретирање на неговиот идентитет не само што шири дезинформации, туку и го поткопува кредибилитетот на презентираните информации.
Корисниците на социјалните мрежи треба да им пристапат на ваквите домашни рецепти со скептицизам. Одржливо губење на тежината се постигнува преку комбинација на здрава исхрана, редовно вежбање и модификации на животниот стил, а не со разни диети и рецепти за брзо слабеење. Секогаш консултирајте се со здравствен работник пред да внесете нови супстанции во вашата исхрана, особено ако имате некои здравствени состојби или доколку земате лекови.
Како корисници на онлајн содржини, од клучно значење е да бидете свесни за тактиките што ги користат оние што сакаат да шират лажни или погрешни информации, односно оние коишто сакаат да ја манипулираат јавноста за да постигнат некаква цел. Дезинформациите може да имаат сериозни последици, да наведат поединци да се откажат од докажаните медицински третмани во корист на недокажаните лекови, а со тоа потенцијално да ја влошат нивната состојба или да ја одложат соодветната нега.
Овие објави често промовираат рецепти од хербални мешавини како и неконвенционални терапии, тврдејќи дека имаат чудесни својства кои брзо делуваат, без никакви научни докази за поддршка на нивната ефикасност. Клучно е читателите да ги потврдат информациите од реномирани извори, пред се од доктори, пред да размислат да консумираат било што. Додека домашните рецепти и алтернативните терапии понекогаш можат да понудат олеснување за помали проблеми, тие никогаш не треба да ја заменат медицинската нега базирана на докази.
Од сите наведени факти заклучуваме дека оваа објава освен што пласира невистините информации ѝ недостасува и соодветен контекст. Иако привлечноста на рецептите за брзо слабеење може да биде примамлива, од суштинско значење е да се пристапи кон информации поврзани со здравјето со критички ум и дополнителна проверка.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар