Лажно се прикажува дека Украина е марионета, а не независна држава која си го брани суверенитетот

Фото: pixabay.com

Не е точно дека Украинци умираат и се раселени поради Зеленски. Русија ја нападна Украина, а Зеленски ја предводи нацијата во нејзината битка за одбрана на територијалниот интегритет и  суверенитет.  Украина добива помош од  ЕУ и НАТО земјите, но тоа не го прави Зеленски марионета. Не е точно дека НАТО сфатил дека не може да победи во војна против Русија – НАТО не е во војна со Русија и не сака да влезе во војна со Русија. Она што го прави НАТО е обезбедува поддршка за Украина во нејзиното право на самоодбрана кое е наведено во повелбата на ОН

Не е точно дека Украинци умираат и се раселени поради Зеленски. Русија ја нападна Украина, а Зеленски ја предводи нацијата во нејзината битка за одбрана на територијалниот интегритет и  суверенитет.  Украина добива помош од  ЕУ и НАТО земјите, но тоа не го прави Зеленски марионета. Не е точно дека НАТО сфатил дека не може да победи во војна против Русија – НАТО не е во војна со Русија и не сака да влезе во војна со Русија. Она што го прави НАТО е што обезбедува поддршка за Украина во нејзиното право на самоодбрана кое е наведено во повелбата на ОН

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Моментот кога сфаќа дека е пуштен по вода и цела Украина.
Украина нема никогаш да стане членка на НАТО. Западот/НАТО сфати дека не можат да победат во војна против Русија. НАТО ја изгуби оваа војна, ЕУ ја изгуби оваа војна, а Зеленски и Украина изгубија најмногу. Поради него загинаа многу Украинци, а уште повеќе се расселени. Ќе биде запамтен како марионета на САД и ЕУ.
Добро е што оваа војна наскоро треба да заврши, најверојатно со мировни договори. Русија ги држи сите карти во рака. БРИКС е во подем, а САД и ЕУ во тешка рецесија.

Првата невистина во овој пост е тоа дека НАТО е во војна со Русија. НАТО не е во војна со Русија. Украина не е членка на НАТО, ама е партнерска држава на НАТО, што значи дека блиску соработува со НАТО. НАТО не испраќа трупи, акциите на НАТО се дефанзивни, не се дизајнирани да предизвикаат конфликт, туку да превенираат. Алијансата има одговорност да осигури дека војната нема да ескалира и да се прошири надвор од Украина што би било уште поопасно и подевастирачко.

Кога НАТО би го затвориле небото над Украина, тоа би го довело НАТО во директен конфликт со Русија, би ја ескалирало војната и би довело до уште поголеми страдања и деструкција за сите инволвирани држави. НАТО не е во војна со Русија и не бара конфронтација со Русија. Она што го прави НАТО е обезбедување поддршка за Украина во нејзиното право на самоодбрана, наведено во Повелбата на ОН. НАТО има преземено строги дефанзивни мерки за да го засили своето присуство во источниот дел од Алијансата, со цел да се осигури дека нема да дојде до недоразбирање во Москва за подготвеноста на НАТО да ги заштити и да ги брани сите земји членки. НАТО има обврска да обезбеди дека конфликтот нема да ескалира надвор од Украина. Па, со оглед на тоа што НАТО не е во војна со Русија, не е точно ни наведеното во постот дека НАТО губи од Русија во војната.

Невистина е и тоа дека ЕУ е во војна со Русија. ЕУ и земјите членки на ЕУ остро ја осудуваат војната на Русија против Украина и нелегалното присвојување на украинските територии Доњецк, Луганск, Запорожје, Херсон. Тие, исто така, ја осудуваат и инволвираноста на Белорусија во руската воена агресија.

Русија мора да престане со оваа војна веднаш. ЕУ ќе стои позади Украина во нејзината поддршка колку и долго да треба да трае, стои во заклучоците од Европската Комисија од 9 февруари 2023.

Лидерите на ЕУ бараа во неколку наврати Русија да го прекине огнот да ги повлече воените сили и воената опрема од Украина и да го почитува целосно територијалниот интегритет и суверенитет и независност на Украина. ЕУ го нагласува правото на Украина да избере своја судбина и им честита на луѓето во Украина за нивната храброст во бранењето на својата држава.

Точно е дека ЕУ има масовни индивидуални и економски санкции против Русија, ама тоа не е зашто е во војна со неа, туку зашто е против војната што Русија ја почна во суверена Украина.

Тврдењата во постот дека Зеленски и Украина изгубија најмногу, дека поради него загинаа многу Украинци и дека е марионета на ЕУ и САД, имаат за цел да ја претстават Украина како држава која не може самата да одлучува за себе. Како да се работи за држава без територијален интегритет и суверенитет, како да не е самостојна, па мора да биде во нечии раце и контролирана. Но, вистината е дека Украина се брани, веднаш по првиот напад на 24 февруари 2022 година одговори на руската воена агресија и продолжува тоа да го прави подолго од една година.

Членот 5 од договорот на НАТО е дека кога една земја членка е нападната, тогаш сите мора да го сметаат овој напад како напад врз нив. Ова значи дека ако Украина се приклучи на НАТО додека сè уште е во војна со Русија, ќе се активира членот 5 и тоа може да води кон ескалација на војната. Во ситуација кога НАТО директно би биле инволвирани, европските држави кои граничат со Русија, како балтичките земји и Полска, потенцијално би се нашле на линијата на фронтот.

Претседателот на САД, Џо Бајден, на Самитот на НАТО во Литванија кажа дека оти Украина не е подготвена да биде дел од НАТО и дека прво војната мора да заврши.

Не мислам дека има едногласност во НАТО за тоа дали да влезе Украина во НАТО сега, во овој момент, среде војна. Ако војната се случува, тогаш сите ќе влеземе во војна, официјална војна со Русија, ако тоа се случи, рече Бајден.

Пред да станат дел од НАТО земјите мора да исполнат одредени економски, политички и воени стандарди.

Мислам дека треба да направиме рационална патека за Украина да може да влезе во НАТО, додаде Бајден.

Тој рече дека го одбил Путин кога пред почетокот на војната побарал Украина да не влезе во НАТО, затоа што Алијансата има политика на отворени врати.

Но, сметам дека е прерано да се гласа сега, зашто има и други квалификации што треба да се исполнат како демократизација и некои такви прашања, рече Бајден.

Па, гледано во целина во постот се искажани серија невистини. Не е точно дека Украинци умираат и се раселени поради Зеленски. Русија ја нападна Украина, а Зеленски ја предводи нацијата во нејзината битка за одбрана на територијалниот интегритет и  суверенитет.  Украина добива помош од  ЕУ и НАТО земјите, но тоа не го прави Зеленски марионета во рацете на САД и ЕУ, со оглед на тоа што Украина самата се брани и има волја да не се предаде. Не е точно ниту дека НАТО сфатил оти не може да победи во војна против Русија – НАТО не е во војна со Русија и не сака да влезе во војна со Русија.

 



 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција