МНР во соработка со Амбасадата на САД организираше конференција за дезинформации и хибридни закани

Фото: МНР

Беа разменети мислења и најдобри практики за справување со хибридните закани и дезинформациите, информира МНР

Министерството за надворешни работи, во соработка со Амбасадата на САД организираше Конференција „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“. Воведни обраќања имаа државниот секретар Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје. Учество зема и реномираниот американски експерт Енди Карвин, претставник од НАТО Одделот за јавна дипломатија, како и бројни реномирани домашни експерти, претставниците на земјите членки и набљудувачи на САД- Јадранската Повелба

„Беа разменети мислења и најдобри практики за справување со хибридните закани и дезинформациите. Беше нагласено значењето на медиумската писменост како една од алатките која низ образовниот систем придонесува кон изградба на едно општество со граѓани кои се способни критички да размислуваат, да ги анализираат и проценуваат информациите што им се сервираат и на тој начин да ја зајакнат демократската отпорност на општеството кон различни малигни влијанија“, наведено е во соопштението од МНР.

Оттаму информираат дека ќе продолжат со активности за подигање на свесноста за постоењето на опасноста.

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција