Не е точно дека нивото на јаглерод диоксид е најниско во историјата

Фото: Принтскрин видео

Наспроти тврдењето во постот, според интервладиниот панел за климатски промени, тело во рамките на Обединетите нации кое е формирано за да се занимава со науката поврзана со промените на климата, модерниот човек никогаш порано не видел вакви промени на глобалната клима, а некои од тие промени се неповратни и за враќање во првобитната состојба треба да се работи наредните стотици до илјадници години. Глобалниот просек на атмосферски јаглерод диоксид имаше нов рекорд во 2022 година, со 417,06 делови на милион, што го крена атмосферскиот јаглероден диоксид за 50 проценти повисоко отколку што бил во прединдустриската револуција

Наспроти тврдењето во објавата, според интервладиниот панел за климатски промени, тело во рамките на Обединетите нации кое е формирано за да се занимава со науката поврзана со промените на климата, модерниот човек никогаш порано не видел вакви промени на глобалната клима, а некои од тие промени се неповратни и за враќање во првобитната состојба треба да се работи наредните стотици до илјадници години. Глобалниот просек на атмосферски јаглерод диоксид имаше нов рекорд во 2022 година, со 417,06 делови на милион, што го крена атмосферскиот јаглероден диоксид за 50 проценти повисоко отколку што бил во прединдустриската револуција

 

 

Рецензираме објава од социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал со излагање на доктор Патрик Мур и се вели:

Основачот на Гринпис, д-р Патрик Мур за измамата за глобалното затоплување:
 Грешат за многу работи. Грешат дека CO2 е превисок.Тоа е пониско отколку што било во целата историја на Земјата.
 Климатските промени и глобалното затоплување се уште една гигантска лага и измама на сатанистите со цел да не поробат.
Доктор Мур во видеото вели дека тоа што научниците се грижат за разлика во температурите од 1.5 целзиусови степени е ментална болест и дека разликата на температурите меѓу Екваторот и Северниот пол е повисока од 1.5 степени.

Инаку, Патрик Мур е поранешен член на Гринпис, кој вели дека нема докази дека човечкиот фактор придонесува за тоа планетата да се загрева. Тој неодамна работеше како комуникациски консултант за индустријата за нуклеарна енергија.

Наспроти неговите тврдења, според податоци на Climate.gov во мај, секоја година човечките активности предизвикуваат да се ослободува повеќе јаглероден диоксид во атмосферата отколку што може да се отстрани со природните процеси, што предивикува количеството на јаглероден диоксид во атмосферата да се зголемува. Така што, глобалниот просек на атмосферски јаглерод диоксид имаше нов рекорд во 2022 година, со 417,06 делови на милион, што го крена атмосферскиот јаглероден диоксид за 50 проценти повисоко отколку што бил во прединдустриската револуција.

Иако јаглерод диоксидот се користи во фотосинтезата, од страна на растенијата и во други природни процеси, на ваков начин може да се апсорбираат само половина од количините на јаглеродниот диоксид кои се емитувани годишно. Вишокот што е емитуван од фосилни горива е тој што предизвикува глобално затоплување, пишуваат проверувачите на факти на  thecable.ng.

Според интервладиниот панел за климатски промени, тело во рамките на Обединетите нации формирано за да се занимава со науката поврзана со промените на климата, модерниот човек никогаш порано не видел вакви промени на глобалната клима, а некои од тие промени се неповратни и за враќање во првобитната состојба треба да се работи наредните стотици до илјадници години. Научниците со голема доверба велат дека глобалните температури ќе продолжат да растат многу децении во иднина, главно поради емисија на гасови, а еден од нив е јаглерод диоксидот, произведен главно преку човечка активност.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Ју Ес Еј Тудеј, глобалните температури и растот на јаглерод диоксидот се поврзани и растат од 1880 до денес. Сепак, просечната температура на земјата флуктуира од година во година поради природата на климатските системи. Ова значи дека е можно одредена година да биде поладна отколку претхондата, иако концентрациите на јаглерод диоксид пораснале.

Има јасна корелација меѓу нивоата на јаглероден диоксид и модерното глобално затоплување. Во подолг период, јаглерод диоксидот предизвикува глобално затоплување преку тоа што се намалува можноста топлината да „избега“ нагоре во вселената, пишуваат проверувачите на факти на Ју Ес Еј Тудеј.

Во нивниот текст се додава дека глобално температурите се имаат покачено исто како што се имаат покачено и нивоата на јаглероден диоксид.

Не можеме да избегаме од едноставната физика, дека зголемувањето на нивото на јаглерод диоксид ќе задржи поголемо количество топлина во пониската атмосфера, што ќе предизвика нагорен тренд во температурите, вели Михаел Роман, научник на универзитетот Леикестер.

Проверувачите на факти на Франс Прес пишуваат дека јаглерод диоксидот е покачен, поврзан е со повисоките температури и може да предизвика ризик од екстремни временски прилики.

Моменталните атмосферски концентрации на јаглерод диоксид се околу 419.

Вивек Арора, научник во Канада кој се занимава со интеракциите меѓу јаглеродот и климатските промени, за Франс Прес вели дека 50 проценти од човечките емисии на јаглерод диоксид остануваат во атмосферата.

Останатите се апсорбираат од океаните или земјата. Ако океаните и земјата не ни го имаат дадено овој екосистем и оваа услуга, тогаш моменталната концентрација на јаглерод диоксид би била многу повисока, вели тој.

Делфин Дерјнг, водечки автор за екосистеми, за Франс Прес вели дека повисоките нивоа на јаглероден диоксид не може да не се ставаат во корелација со повисоките температури.

Националната океанска и атмосферска администрација пресмета дека директното влијание врз затоплувањето од страна на човечки продуцираните гасови, се има покачено за 49 проценти меѓу 1990 година и 2021 година. Според агенцијата, две третини од тој топлотен дисбаланс е резултат на јаглерод диоксидот!

Ranga Myneni, Професорката на универзитетот во Бостон оддел за животна средина, вели дека јаглерод диоксидот предизвикува климатски промени, чии ефекти се глобалното затоплување, губење на мраз од морињата, повисоко ниво на морињата и дека не постојат позитивни страни на високите нивоа на јаглерод диоксид во атмосферата.

И НАСА потврдува дека има раст на јаглеродниот диоксид.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина оти нивото на јаглерод диоксид е пониско од кога било во историјата и не е точно дека климатските промени се лага и измама на сатанистите.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција