Објава неточно тврди дека КОВИД вакцината предизвикала несвестица кај ТВ новинари

Фото: Принтскрин видео

Вакцината на „Фајзер“ против ковид нема никаква врска со онесвестувањето на луѓето прикажани во видеото. Причината за нивното влошено здравје била дехидратацијата или нејадењето, што и самите го потврдиле. Вакцините против ковид се безбедни за употреба и тие штитат од болеста

Вакцината на „Фајзер“ против ковид нема никаква врска со онесвестувањето на луѓето прикажани во видеото. Причината за нивното влошено здравје била дехидратацијата или нејадењето, што и самите го потврдиле. Вакцините против ковид се безбедни за употреба и тие штитат од болеста

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео на кое се гледа како луѓе се онесвестуваат и истиот сугерира дека причина за тоа е вакцината на „Фајзер“ против ковид.

Кратка пауза за реклама.., стои во објавата.

На видеото се гледаат различни луѓе, меѓу кои: ТВ водители и репортери и спортски коментатор кој се онесвестил пред камера.

 

 

Содржината на објавата и придружното видео се вклопуваат во популарниот наратив против вакцините, според кој сите здравствени проблеми од најразлична природа што се јавуваат кај вакцинираните лица, се должат вакцината ковид-19 произлегуваат.

Меѓутоа, не секоја несвестица, па дури и смрт по вакцинацијата (како што веќе имаме објавено) значи дека е предизвикано од вакцината. Вакцините се безбеден начин за борба против пандемијата.

Но, да одиме по ред, да видиме која е вистинската причина што луѓето прикажани во видеото се онесвестиле пред камерите.

На пример: русокосата што се гледа на почетокот на видеото (00:00 минута) е Алиса Карлсон Шварц, водителка на временска прогноза за KCAL News, филијала на CBS во Лос Анџелес. Откако жената се онесвестила во етер, таа објаснила дека тој ден не јадела ништо и дека испила многу кафе, а својата состојба непосредно пред да се онесвести ја припиша на дехидрација. Вистиномер за ова веќе има пишувано.

Следното лице видливо во предметниот материјал (00:06 минута) е канадската репортерка Џесика Роб, која работи за CTV Edmonton. Новинарката призна дека доживеала „огромно малтретирање и омраза поврзано со лажни теории за причината за овој инцидент“ и нагласи дека ситуацијата „во никој случај не е поврзана со вакцината ковид-19“. Вистиномер и за ова има пишувано.

Друга личност чиј пад можеме да го видиме во видеото (00:27 минута) е Хедер Мекдоналд, комичарка која колабирала за време на настап. Жената рекла дека пред да излезе на сцената не јадела ништо и само испила енергетски пијалак.

Слична причина за несвестица даде и друга жена видлива на снимката – Клара Фафер, чијшто профил на Икс во меѓувреме е избришан, новинарка на германската телевизија RTL (време на видеото 00:30 минута). Таа признала дека не појадувала пред да се онесвести.

Ви благодарам многу за вашите многу убави желби! Се чувствувам многу подобро и сега ќе се опоравам. И во иднина појадувајте соодветен пред раниот почеток. Тимот овде во студиото на главниот град, а исто така и во Келн веднаш се погрижи за се, напишала таа на Икс, пренесува „Демагог“ во својата проверка на факти.

На снимката се гледа и Ева-Марија Холцлајтнер, австриска политичарка, која изгубила свест поради премалку течност (време на видеото 00:48 минута).

Дехидрацијата беше причина за несвестица и во случајот на Боб Ратбун, спортски коментатор (време на видеото 00:51 минута).

На видеото се гледа едно лице кое се онесвестува веднаш по примањето на вакцината ковид-19 (време на видеото 00:24 минута). Овој видео клип е од 2020 година и прикажува медицинска сестра која била една од првите вакцинирани здравствени работници. Жената од видеото изгубила свест откако ја примила вакцината, но подоцна објаснила дека има состојба која понекогаш предизвикува несвестица кога чувствува болка. Вистиномер пишуваше и за овој случај.

На веб-страницата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), пишува дека „научниците веруваат дека несвестицата е предизвикана од процесот на вакцинација, а не од самите вакцини“. Губењето на свеста може да биде предизвикано од страв или болка.

Од сето ова можеме да заклучиме дека вакцината на „Фајзер“ против ковид нема никаква врска со онесвестувањето на луѓето прикажани во видеото. Причината за нивното влошено здравје била дехидратацијата или нејадењето, што и самите го потврдиле. Вакцините против ковид се безbедни за употреба и тие штитат од болеста. Поради тоа, објавата ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција