ВМРО-ДПМНЕ: Обука за концептот на Е-Влада
Ќе бидат спроведени обуки на државни службеници кои се надвор од областа на ИКТ, за вовед во концептот на е-Влада, разбирање на предностите од воведувањето и градењето на тој концепт, потребните чекори за остварување на истиот и сл. Обуките ќе претставуваат продолжение на започнатиот циклус на обуки на државни службеници, кои беа организирани од страна на Агенцијата за администрација. Исто така, ќе бидат спроведени обуки за користење на постојните и идните електронски административни услуги за заинтересираните граѓани. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 75.000 евра. [Рок: континуирано]
Образложение:
Според информациите од министерството за информатичко општество и администрација досега се спроведени 2 вакви обуки, во септември 2011 година и во март 2012 година. [Ажурирано на: 11.04.2013]
Од септември 2011 година досега, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација за државните службеници се спроведени повеќе обуки „Вовед во Е-влада“.
Линкови:
- Министерство за информатичко општество и администрација (17.10.2011): Информација за спроведување на обука “Вовед во Е-влада”. [Пристапено на: 11.04.2013]
- Министерство за информатичко општество и администрација (15.03.2012): Информација за спроведување на обука на тема “Вовед во Е-влада”. [Пристапено на: 11.04.2013]
- Министерство за информатичко општество и администрација (29.03.2012): Информација за спроведена обука за вовед во Е-влада. [Пристапено на: 11.04.2013]
- Министерство за информатичко општество и администрација (23.12.2013): Информација за спроведена на обука „Вовед во Е-влада“ [Пристапено на: 09.04.2014]
- Министерство за информатичко општество и администрација (30.10.2013): Информација за спроведена на обука „Вовед во Е-влада“ [Пристапено на: 09.04.2014]
- Министерство за информатичко општество и администрација (28.03.2012): Информација за спроведена на обука „Вовед во Е-влада“ [Пристапено на: 09.04.2014]
- Министерство за информатичко општество и администрација (26.11.2011): Информација за спроведување на обука „Вовед во Е-влада“ [Пристапено на: 09.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар