Од студија со двајца учесници не може да се тврди дека ковид вакцините предизвикуваат мултиплекс склероза

Фото: Принтскрин видео

Според СЗО, не постои конклузивен линк меѓу мултиплекс склероза и вакцинација против ковид-19. „Премногу е рано да се извлекуваат заклучоци од оваа студија бидејќи студиите за контрола на случај не утврдуваат каузалност, туку воспоставуваат веројатни линкови меѓу два настана за коишто се потребни итни истражувања,“  велат од СЗО за странски проверувачите на факти. Во текст објавен на сајтот multiplexsclerosisnewstoday.com се објаснува дека бомбастични заклучоци дека вакцините предизвикуваат мултиплекс склероза, не може да се носат од студија со два случаја

Според СЗО, не постои конклузивен линк меѓу мултиплекс склероза и вакцинација против ковид-19. „Премногу е рано да се извлекуваат заклучоци од оваа студија бидејќи студиите за контрола на случај не утврдуваат каузалност, туку воспоставуваат веројатни линкови меѓу два настана за коишто се потребни итни истражувања“, велат од СЗО за странски проверувачите на факти. Во текст објавен на сајтот multiplexsclerosisnewstoday.com се објаснува дека бомбастични заклучоци оти вакцините предизвикуваат мултиплекс склероза не може да се носат од студија со два случаја

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Официјална публикација од Свтска Здравствена Организација (СЗО/WHO). Боцките од последната пландемија кај одредени лица предизвикуваат мултиплекс-склероза.

Во склоп на објавата се споделува видеоматеријал од 16 минути кој претставува обраќање на Џон Кампбел, кој  повеќепати има ширено дезинформации поврзани со ковид вакцините.

Кампбел во видеото користи наслов од студија, којaшто на сајтот на Светската здравствена организација е објавенa заедно со други студии поврзани со ковид-19. Во таа дата база на СЗО има интернационални научни истражувања за ковид-19. Но, насловот и целосното презентирање на студијата е погрешно.

Не постои конклузивен линк меѓу мултиплекс склероза и вакцинација против ковид-19. Премногу е рано да се извлекуваат заклучоци од оваа студија, бидејќи студиите за контрола на случај не утврдуваат каузалност, туку воспоставуваат веројатни линкови меѓу два настана за коишто се потребни итни истражувања, велат од Светската здравствена организација за проверувачите на факти на Вера Фајлс.

Мултиплекс склерозата е болест на централниот нервен систем која може да води до проблеми со видот, мускулна слабост, како и проблеми со подвижноста.

Професорот по неврологија на Универзитетот во Цирих, Роланд Мартин кој е еден од авторите на студијата, за Вера Фајлс, вели дека студијата истражувала два случаја каде вакцината против ковид-19 била многу веројатно поврзана со појавувањето на мултиплекс склероза.

Искрено се надевам дека од една страна, науката нема да биде негирана, но од друга страна, исто така, се надевам дека науката нема да биде злоупотребувана за да се тврди на ненаучен начин дека вакцинацијата е штетна, изјави Мартин за Вера Фајлс на 16 јуни годинава.

Професорот Мартин, за Асошиејтед прес вели дека зборовите употребени во апстрактот се најверојатно „премногу силни“. Тој додава дека има други можни причини за мултиплекс склероза како генетски предиспозиции и фактори од средината.

Оваа област е многу важна и се надевам дека корисноста на вакцините нема да биде доведена во прашање поради нашите опсервации, бидејќи нема сомнеж дека ризиците за појава на мултиплекс склероза се повисоки со природна инфекција со ковид, базирано на моменталните податоци, рече тој.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Африка Чек, краткиот заклучок од студијата се појавува на сајтот на Светската здравствена организација, во делот за база на истражувања, но истражувањето не е продуцирано од СЗО.

Целта на истражувањето е да се види дали појавата на мултиплекс склероза кај двајца пациенти била предизвикана од протеинот на мРНК вакцината против ковид. Двајцата пациенти почувствувале симптоми набрзо откако се вакцинирале. Но, има ограничувања за овие студии кои се со само два случаја. Во оваа студија се гледа на факторите поврзани со болеста односно исходите, но на начин што се бараат врски меѓу настани во минатото и моментални состојби. Студии во кои има мал број учесници како оваа, исто така треба да се интерпретираат внимателно.

Студија од 2008 година најде дека помалите студии, иако даваат резултати побрзо отколку големите, сепак, се помалку сигурни.

Друга студија од 2014 година тврди дека помалите студии може да спречат точни проценки и заклучоци. Бројката од двајца учесници, едноставно е премногу мала.

Потпретседателот на националната агенција за мултиплекс склероза, Џули Фиол, се согласува и потенцира дека за да се докаже причина и ефект, потребни се друг вид на студии кои се викаат експериментални, и тоа со многу голем број на учесници, од различни локации.

Причина и ефект не се утврдуваат во опсервациска студија, вели Фиол.

На сајтот multiplexsclerosisnewstoday.com објавен е текст во кој се објаснува дека бомбастични заклучоци дека вакцините предизвикуваат мултиплекс склероза, не може да се носат од студија со два случаја во неа.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција