ВМРО-ДПМНЕ: Регистрација на бродови под македонско знаме

Ќе се донесе законска регулатива со цел да се овозвожи странски бродови да пловат под македонското знаме и да се формира регистар на бродови. Придобивките од ова за Република Македонија ќе бидат повеќекратни: ќе се изврши едукација на кадар и издавање на сертификати за наши граѓани, со што ќе се овозможи да работат на брод, ќе се создаде можност за развој на морнарица и формирање на македонска трговска флота врз база на приватно-јавно партнерство, како и промоција на Република Македонија, бидејќи на сите дестинации ќе се плови под македонско знаме, а ќе се овозможат и приходи за Буџетот на Република Македонија од овие активности. [Рок: јуни 2012]

Образложение:

Пропаднатиот тендер  за консултанстки услуги за оправданоста и можноста државата да остварува приходи од регистрација на бродови под македонско знаме за поморска пловидба, на почетокот на 2012 година, придонесе за одолговлекување на остварувањето на ова ветување. Според Министерството за транспорт и врски, повторно распишување на тендер ќе се случи во втората половина на 2012 година, но тоа би значело дека овој процес на регистрација на бродови под македонско знаме, ќе се одложи за 2013 година.

Потврда на ова е и Отчетот на Владата на Р.Македонија, каде што овој проект е сместен во категоријата на Ветено-Започнато, што би значело дека ова ветување не е исполнето во зададениот рок.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција