Категорија...

ПРОВЕРКА НА ФАКТИ

Авганистанските разбојници не се поврзани со групата која слета на аеродромот во Скопје

Авганистанските државјани кои се товарат за разбојништво, не слетале со авион во земјава како што се тврди во постот кој го рецензираме. Тие се илегални мигранти кои влегле во земјава од Грција и на ниеден начин не се поврзани со групата на…

Лага е дека медицинските лица во Австралија намерно ги убиваат невакцинираните лица заболени од…

Лекот ивермектин во Австралија е забранет за употреба во третманот на болни од ковид-19. Австралискиот регулатор за лекови им дал изрична забрана на медицинските лица во државата да го препишуваат ивермектин како лек за коронавирусот.…

Клик-бејт наслов прикрива дека поранешен, а не актуелен амбасадор бара оставка од Заев

Целта на овој наслов не е точно и сеопфатно да ја информира јавноста туку да ја наведе во погрешна насока заради зголемување на читаност и кликови. Насловот е сензационалистички и манипулативен за читателите, затоа што кога  ќе кликнат на…

Фотографија од жена која починала, се злоупотребува за да се оцрни вакцинацијата

Не е познато од што настапила смртта на жената, а самиот факт што таа објавила фотографија на својот Фејсбук профил од редица луѓе кои чекаат за вакцинација на пунктот во салата Борис Трајковски, не е показател дека  починала од вакцина.…

Нема докази дека личности од светската елита примиле лажни вакцини против ковид-19

Оваа објава ја манипулира јавноста и шири паушални информации на Фејсбук. Тврдењата на психијатарот Алесандро Мелуци, личноста на која се повикува постот, дека луѓе од елитата примале лажни вакцини против ковид-19, се без никаков доказ и…

Не е точно дека „Заев е исклучен од протоколот (на Меркел) за директна средба“

Не е точно дека Заев бил исфрлен од протоколот на Меркел и дека Македонија е понижена и исклучена од иницијативата „Отворен Балкан“ и од процесот за интеграција во Европска Унија

Ковид-19 е реалност, луѓето не заболуваат од хемикалиите со кои наводно нè прскаат од небо

Постот што го анализираме ја шири светски познатата теорија на заговор за „кемтрејлс“. Но, уште пред пет години  група од 77 научници, откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци, објавија извештај…

Насловот за една тема, текстот за друга!

Со помош на трик, високо интересен наслов, во пост на Фејсбук се пласира содржина која што може да се оцени како содржина со пропуштен контекст. Имено, текстот и насловот не кореспондираат и читателите се доведуваат во заблуда, иако не може…

Не е точно дека Ивермектин предизвикува неплодност кај 85 проценти од мажите!

Врз база на стара и нерелвантна студија, претставена како нова, на Фејсбук група е пласирана невистинита објава дека лекот Ивермектин предизвикува неплодност кај огромно мнозинство од машката популација

„Новиот светски поредок“ на австралиската министерка за здравство ги разбуди теоретичарите на…

Фразата нов светски поредок, употребена од здравствен функционер во Австралија, искористена на Фејсбук за пласирање дезинформација дека тоа е основата на целата пандемија со ковид 19

Вакцинираните мајки што дојат не си ги убиваат бебињата!

Врз база на анонимна пријава до системот ВАЕРС, дека починало бебе откако мајката се вакцинирала, се конструира невистинит заклучок дека мајките што дојат, а ќе се вакцинираат, си ги убиваат своите новороденчиња Рецензираме…

Мирен марш во чест на жртвите на пожарот, а не протест против Филипче и Заев

Марш за оддавање почит кон загинатите во модуларната болница во Тетово  на Фејсбук, преку медиумски напис е претставен невистинито како марш за протест кон Заев и Филипче

Објава со лажна фотографија лови кликови на Фејсбук

Кога ќе го отворите написот што се споделува во постот ќе видите дека македонската банкнота од 10 денари нема никаква врска со текстот. Таа е прикажана во оваа објава на Фејсбук само колку да ве привлече да кликнете и да го отворите…

Вакцините не предизвикуваат смрт, ниту пак, ќе ве направат зомби!

Смешно и апсурдно е тврдењето дека може да се стане зависен од вакцина, а уште поапсурдно е да се каже дека со вакцинација ќе станете зомби! Постот неосновано, без никакви докази и факти шири страв и паника кај населението, тврдејќи дека…

Белите траги од авионите се кондензација, а не хемикалии со кои „нè прскаат“

Белата патека што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“ - скратеница од condensation trail, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат…

Не е вистина дека вакцинацијата е услов за хоспитализација

Вакцинацијата не е услов за влез во болница, туку медицинската индикација. Во болниците не се прави разлика дали некој пациент е вакциниран или невакциниран, за да може тој се лекува . Исто така,  во Северна Македонија нема вакцини со…

Аргентински лекар не се вакцинирал со две дози во ист ден

Фотографиите се вистински и се направени во Аргентина, но човекот не зел две дози од вакцината. Фотографиите се направени во болницата „Енрике Вера Барос“ во аргентинскиот град Ла Риоха, а мажот облечен во жолто е лекарот Рафаел Фернандез.…

Личните податоци за починатите од ковид не смеат јавно да се објавуваат

Личните податоци на заболените и починати од ковид-19, исто како и за кое било друго починато лице, не смеат да се злоупотребуваат и да бидат јавно објавени, како што сугерира авторот на објавата што ја рецензираме. Заштитата на личните…