Трагите од авиони не се ништо невообичаено и не сигнализираат никакви симболи и тајни агенди

Фото: Принтскрин видео ФБ пост

Никој не нè прска од авиони, а уште помалку тоа има врска со некакви агенди или со Израел, кој неосновано се става во овој контекст. Вистината е дека белите траги кои авионите ги оставаат зад себе се создаваат кога водената пареа и ситните честички изгорено млазно гориво на авионите се замрзнуваат во кристали од мраз. При ниска влажност на воздухот, кристалите само се распаѓаат. При поголема влажност тие опстојуваат и на крајот создаваат видлива трага на големи површини на небото. Испреплетените траги од авиони често се видливи на небото, а дали тие формираат некаков симбол, буква и слично, тоа е само чиста имагинација и ништо повеќе. Тоа најмалку претставува некаков доказ за скриени агенди и труење на луѓето

Никој не нè прска од авиони, а уште помалку тоа има врска со некакви агенди или со Израел, кој неосновано се става во овој контекст. Вистината е дека белите траги кои авионите ги оставаат зад себе се создаваат кога водената пареа и ситните честички изгорено млазно гориво на авионите се замрзнуваат во кристали од мраз. При ниска влажност на воздухот, кристалите само се распаѓаат. При поголема влажност тие опстојуваат и на крајот создаваат видлива трага на големи површини на небото. Испреплетените траги од авиони често се видливи на небото, а дали тие формираат некаков симбол, буква и слично, тоа е само чиста имагинација и ништо повеќе. Тоа најмалку претставува некаков доказ за скриени агенди и труење на луѓето

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која ја шири фамозната теорија за кемтрејл овојпат зачинета со симболот Давидова ѕвезда, имајќи предвид дека е актуелна војната меѓу Израел и Палестина.

Погледајте го ова зарем е можно вакво нешто Давидова ѕвезда на небото. Господ знае што ни прават, стои во објавата.

Споделено е и видео на кое се гледаат траги од авиони кои според толкувањето на авторот на објавата се во форма на Давидова ѕвезда, па оттука и констатацијата „Господ знае што ни прават“.

Инаку, Давидова ѕвезда е симбол во облик на два триаголници кои се споени во хексаграм кој во јудаизмот симболизира – исто како кинескиот знак на јин и јанг или христијанскиот крст – проникнување и помирување на двете спротивни страни на животот: небото и земјата, духот и материјата, светлината и темнината, мажот и жената, времето и просторот, душата и телото, ноќта и денот, невидливиот и видливиот свет. Името го добила по кралот Давид. Во стариот век, овој симбол се сретнува кај различни народи, во јудаизмот се сретнува дури во VII век на хебрејски печат што бил пронајден во Сидон. Од 18 век станал општ еврејски религиозен симбол. На првиот ционистички конгрес во Базел во 1897 година, бил прогласен за еврејски национален симбол, а од 1948 година се наоѓа на знамето на државата Израел.

Овој симбол објавата што ја анализираме, го поврзува со некаков си светски заговор па вели: „Господ знае што ни прават“, а згора на тоа ја шири и теоријата на заговор за кемтрејлс.

Никој ништо не ни прави, а уште помалку со авиони на небото. Вистиномер досега има пишувано за оваа теорија на заговор и таа е една од теориите кои ја хранат глобалната епидемија на дезинформации.

Една од најтрајните и најопсежните теории на заговор се врти околу кемтрејлс, белите траги кои ги оставаат авионите, за кои често се тврди дека се хемиски или биолошки агенси намерно испрскани од авиони. Поддржувачите сугерираат дека овие патеки се дел од тајните владини програми за контрола на времето, труење на населението или дури и манипулирање со човечкото однесување.

Вистината е дека белите траги кои авионите ги оставаат зад себе се создаваат кога водената пареа и ситните честички изгорено млазно гориво на авионите се замрзнуваат во кристали од мраз. При ниска влажност на воздухот, кристалите само се распаѓаат. При поголема влажност тие опстојуваат и на крајот создаваат видлива трага на големи површини на небото. Не сите авиони оставаат бели траги – се проценува дека ова се случува на само околу 18 отсто од летовите. Воздухот треба да биде доволно студен за водата да замрзне, поради што тие обично се појавуваат само над одредени надморски височини – обично над 6 километри висина.

За да докаже дека оваа теорија на заговор е неточна и ги измамува луѓето, Форбс објави студија, според која 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и со цел да се влијае на атмосферата. 

Што се однесува до наводно формираниот симбол Давидова ѕвезда на небото, авионите оставаат траги и доколку се случи повеќе авиони да поминале во близина еден на друг, нивните траги се испреплетуваат. Фотографии од испреплетени траги на виони можат да се најдат и на други фотографии, па и истите секој може да си ги толкува на свој начин и да си ги гледа во разни форми. Тоа е оставено на имагинацијата на луѓето, што, впрочем, е случај и во објавата што ја анализираме.

На овој линк достапни се стотици фотографии на кои можат да се видат испреплетени траги од авиони на небото.

Некои од нив на пример, ја формираат буквата А.

Друга ја формира буквата Х.

Испреплетени траги од авиони на небото можат да се видат и на фотографијата за која Вистиномер веќе има пишувано рецензија, а за која се тврдеше дека е доказ за некаков регионален феномен за запрашување со авиони.

Никој не нè прска од авиони, а уште помалку тоа има врска со некакви агенди или со Израел, кој неосновано се става во овој контекст. Вистината е дека белите траги кои авионите ги оставаат зад себе се создаваат кога водената пареа и ситните честички изгорено млазно гориво на авионите се замрзнуваат во кристали од мраз. При ниска влажност на воздухот, кристалите само се распаѓаат. При поголема влажност тие опстојуваат и на крајот создаваат видлива трага на големи површини на небото. Не сите авиони оставаат бели траги – се проценува дека ова се случува на само околу 18 отсто од летовите. Воздухот треба да биде доволно студен за водата да замрзне, поради што тие обично се појавуваат само над одредени надморски височини – обично над 6 километри висина. Испреплетените траги од авиони често се видливи на небото, а дали тие формираат некаков симбол, буква и слично, тоа е само чиста имагинација и ништо повеќе. Тоа најмалку претставува некаков доказ за скриени агенди и труење на луѓето.

Поради сето погоре, објавата што ја анализираме ја оценуваме како неточна.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција