Трендот на прекумерна смртност во Португалија почнал уште во пандемијата, кога немало ковид вакцини

Порто, Фото:Tim CheliusPixabay

Во Португалија прекумерната смртност се должи на повеќе фактори кои се комплексни и растот на прекумерната смртност е почнат уште во времето кога вакцини против ковид-19 сè уште немаше. Медиумите во Португалија регистрираат бројни причини зошто се појавува овој пораст, а една од нив е тоа што во текот на ковид пандемијата дури 30 милиони дијагностички тестови не биле спроведени, па така граѓаните останале недијагностицирани, а следствено и нетретирани за своите болести

Во Португалија прекумерната смртност се должи на повеќе фактори кои се комплексни и растот на прекумерната смртност е почнат уште во времето кога вакцини против ковид-19 сè уште немаше. Медиумите во Португалија регистрираат бројни причини зошто се појавува овој пораст, а една од нив е тоа што во текот на ковид пандемијата дури 30 милиони дијагностички тестови не биле спроведени, па, така, граѓаните останале недијагностицирани, а следствено и нетретирани за своите болести

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Највакцинираната земја во Европа – Португалија. Три години подоцна има најголем пораст на смртноста во Европа. Мора да е „случајност“?!

Потоа во објавата се споделуваат две фотографии. На првата има наслов: „Португалија има највисока стапка на вакцинација против ковид-19 во светот“. На втората фотографија насловот е „Португалија регистрира највисоки стапки на прекумерни смртни случаи во Европа“.

Во објавата што ја рецензираме зголемувањето на прекумерната смртност во Португалија се поврзува со вакцинацијата против ковид. Но, ова не е вистина. Медиумите во Португалија регистрираат бројни причини зошто се појавува овој пораст, а една од нив е тоа што во текот на пандемијата со ковид-19, дури 30 милиони дијагностички тестови едноставно не биле спроведени, па така граѓаните останале недијагностицирани, а следствено и нетретирани за своите болести. Во текстот на „Португал Резидент“ особено се потенцира дека дијагностиката на карциномот во Португалија била проблематична во текот на пандемијата со ковид-19.

Националната асоцијација на здравствени работници има предвид дека пренатрупаноста на одделите за итни случаи можеби ја загрозиле ефективната нега за луѓето и придонеле за повисоки стапки на смртност. Како што се намалија тимовите и услугите, не беше возможно секој пациент да добие услуга на време, вели Густаво Тато Боргес, претседател на Националната асоцијација на здравствени работници.

Според него, без разлика на тоа што здравствените работници работеле многу напорно, потешкотиите да се дојде до пристап до лекарска услуга може да има удел во оваа зголемена прекумерна смртност.

Уште еден показател дека вакцинацијата против ковид-19 не е поврзана со оваа прекумерна смртност во Португалија е тоа што таквиот тренд на зголемување на прекумерната смртност почнал уште пред да почне вакцинацијата против ковид, односно почнал уште за време на пандемијата. Во факторите кои придонеле за овој раст е и самиот ковид-19.

Португал њуз, пак, пишува дека мерењето околу високата смртност се однесуваат на „стандардното отстапување на смртноста во различни земји, мерејќи го вишокот смртни случаи поврзани со грип, ковид, разлики во температурата и други закани по јавното здравје“.

Во јули 2022 година, како што пренесе Ројтерс, Португалија пријавила повеќе од илјада смртни случаи поради топлотен бран, а министерот за здравство тогаш предупредил дека земјата мора да се спреми да се справува со заканите од климатските промени, бидејќи температурите продолжиле да растат. Температурата тогаш била над 40 степени целзиусови.

Според информации на Trial Site News, министерството за здравство на Португалија решило да се бори против прекумерната смртност со вакцинација против ковид и грип.

Министерството за здравство на Португалија презентираше нова стратегија дизајнирана да се справува со прекумерната смртност кај популацијата на возраст од 18 до 59 години на начин што ја проширува вакцинацијата против ковид и инфлуенца, пишува Trial Site News.

Вистиномер и претходно пишуваше дека причините за прекумерната смртност се комплексни и повеќеслојни, односно дека за неа придонесуваат бројни фактори и не може да се атрибуира на вакцинацијата, особено не без докази за индивидуалните случаи.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 

Овој напис е дел од заеднички проект на над 50 организации под водство на Европската мрежа за стандари при проверката на факти за справување со дезинформациите околу европските избори во 2024 година. Повеќе можете да дознаете на elections24.efcsn.com

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција