ВМРО-ДПМНЕ: Агенција за акредитација на здравствените установи

Ќе формираме Агенција за акредитација на здравствените установи, која ќе ги подготвува стандардите во со-работка со Министерството за здравство и континуирано ќе го следи и ќе го проценува квалитетот на работата во здравствените установи и примената на медицина базирана на докази. Со подобрување на контролата на квалитетот на здравствени услуги ќе имаме позадоволни пациенти и подобро здравје. Оваа агенција се планира да издава акредитации и да ги контролира сите здравствени установи за тоа кои стандарди ги исполнуваат и соодветно на тоа, кои здравствени услуги можат да ги даваат на пациентите. Носител: Министерство за здравство. [Рок: Јуни 2012 година]

Образложение:

До дадениот рок, нема информации дека Агенијата за акредитација на здравствените установи е формирана.

На 19 август 2012 година најавено е формирање на Агенцијата , која би требало да профункционира на почетокот на 2013 година.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција