ВМРО-ДПМНЕ: Барометар на квалитет

Воведување на „барометар за квалитет“ со ИТ-поддршка – систем за постојано мерење на задоволството на корисниците од административните услуги, преку кој ќе се оценуваат самите институции во однос на задоволството од граѓаните при издавањето на услугите. Оваа мерка вклучува изготвување на методологија и инструменти за воведување на „барометар за квалитет“ во рамките на јавната администрација, како и спроведување на обука за државните службеници за правилна употреба на новата методологија. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. [Рок: јуни 2013]

Образложение:

Воведен е системот „Барометар на квалитет на институции“.

Методологијата „Барометар на квалитет на институции“ има за цел да воведе мерење (оценување) на квалитетот на работата на институциите во администрацијата, а во функција на обезбедување континуитет во квалитетот на работењето на администрацијата и обезбедување поддршка за продуцирање поквалитетни услуги во иднина.

Целите на процесот на оценување се:

– Да се препознаат институциите во администрацијата кои го подобриле сопственото работење, и демонстрирале одржлив тренд во испораката на квалитетни услуги
– Да се промовира споделувањето на најдобрите менаџерски техники, стратегии и пракси меѓу институциите од администрацијата
– Да се обезбеди систематски пристап во планирањето, имплементацијата и евалуацијата на работата на институциите

[Ажурирано на: 25.06.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција