ВМРО-ДПМНЕ: Бесплатна ХПВ-вакцина
Ќе продолжиме со акцијата за бесплатна ХПВ-вакцина за спречување на ракот на матката кај женската популација. [Рок: Континуирано до крајот на мандатот*]
Образложение:
Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Здравство и здрава нација“ се вели:
„Продолживме со акцијата за бесплатна ХПВ-вакцина за спречување на ракот на матката кај женската популација. Емитувани се спотови на локалните телевизии, отпечатени се брошури за едукација и поделени се низ сите градови по училишта и здравствени установи – активности што во голема мера придонесоа кон зголемување на интересот за ХПВ-вакцинација. Одржани се предавања по училишта, настапи на експерти на ТВ-медиуми за бенефитите од ХПВ-вакцинацијата. Опфатот на вакцинирани девојчиња се зголемува од 30% за генерацијата 2009/10 на 45% за генерација 2012/13година. Од спроведената кампања за вакцинација во февруари 2012 година во училиштата низ Република Македонија, вакцинирани се вкупно 4.040 девојчиња.“
На интернет страницата на Министрството за здравство во информацијата за ХПВ- вакцината меѓу другото е наведено:
„ХПВ – вакцината е препорачна за девојчиња на возраст од 9-26 години. Во Р. Македонија воведена е во редовниот календар како задолжителна вакцина за девојчиња на 12 годишна возраст и ја вршат службите за вакцинација од Здравствените домови во Р. Македонија, кои го спроведуваат и вакцинирањето со останатите вакцини.Вакцинацијата се врши во училиштата или во службите за вакцинација според изготвени планови за вакцинација.“
Од февруари 2012 година ХПВ вакцината е бесплатна и задолжителна само девојчиња на возраст од 12 години. Девојките на возраст од 13 до 26 години, можат да се вакцинираат во гинеколошките установи во земјата, но со свои финансиски средства.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Вечер (15.02.2012): Бесплатна ХПВ – вакцинација само за 12-годишните девојчиња [Пристапено на: 18.04.2013]
- 24 Вести (20.06.2013): Во Македонија останува задолжителната ХПВ вакцина [Пристапено на: 13.09.2013]
- Отчет 2011-2014: Здравство и здрава нација [Пристапено на: 03.04.2014]
- Министерство за здравство: ХПВ-вакцина [Пристапено на: 03.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар