ВМРО-ДПМНЕ: Формирање на нови организациски единици во Македонската опера и балет за модерни танци

Со формирањето на посебна организациска единица за современ танц во МОБ, ќе се овозможи развивање на македонското кореографско творештво како спој на нашата извонредна танцова историја и традиција и современото танцово творештво. Исто така, ќе се овозможи и вработување на млад, европски школуван кадар на полето на современиот танц кај нас, со што за првпат ќе им се даде можност да влијаат врз систематскиот развој на современата танцова сцена во Република Македонија. Носител: Македонската опера и балет. [Рок: 2012 година]

Образложение:

Од информациите кои ги добивме од МОБ, организациските единици за современи танци во Македонската опера и балет, заклучно со 31.12 2012 година, не се формирани, ниту пак се вработени нови, европско школувани кадри.

Информацја за ваква преструктура не најдовме ниту на сајтот на МОБ, ниту по направеното онлајн истражување.

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција