ВМРО-ДПМНЕ: Грантови за поттикнување на трансфер на технологии

Грантови до 50.000 евра за македонските претпријатија и за зголемување на капацитетите за искористување на европските фондови за иновации, истражување и развој. Грантовите ќе можат да се користат за развивање на соработка со универзитетите и со истражувачките центри од земјата и од странство; отворање на оддели за истражување и развој во компаниите; вработување на научно- истражувачки кадар; осовременување на производствените процеси; заштита на интелектуалната сопственост; развој, употреба и комерцијализација на современа технологија. [Рок: 2012 – 2015 година]

Образложение:

Во изминатиот период беа кофинансирани грантови за трансфер на технологии до максимален износ од 200.000 евра. Овој инструмент е наменет за воведување на иновативни и напредни технологии во македонските компании.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови: 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција