ВМРО-ДПМНЕ: Имплементација на законот за постапување со бесправно изградени објекти

ВМРО-ДПМНЕСо влегувањето во сила на Законот за постапување со бесправни објекти, претстои спроведување на постапката за легализација на над 350.000 објекти или делови на објекти во Република Македонија. Со самиот закон се предвидува легализација на сите видови објекти при што надоместокот за легализација на куќи кои преставуваат најголем дел од нелегалните објекти изнесува само 1 евро по м2. Исто така ќе се врши надзор над спроведувањето на овој закон од страна на единиците на локална самоуправа и ќе се одржуваат обуки на населението и локалната власт во врска со имплементацијата на овој закон. [Рок: 2011 – 2016]

Образложение:

Во текот на месец февруари 2013 година презентиран беше проектот за откуп на дворните места по цена од евро квадрат. Поради некомплетна документација во изминатиот период беа легализирани само 12% од сите поднесени барања за легализација. До крајот на 2014 година се очекува од граѓаните да ги комплетираат барањата за легализација на дивоградбите со цел завршување на процесот.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција