ВМРО-ДПМНЕ: Инфраструктурна поддршка и промоција на историските објекти

Инфраструктурна поддршка и промоција на голем број историски објекти во земјата како Вардарски Рид, Виничко Кале, селото Кокино, некогашниот антички град во старото урбано јадро на Струмица Мачук, локалитетот Римска терма подигнат во III и IV век, кој се наоѓа на околу 12 км оддалеченост источно од Струмица, во подножјето на планината Беласица, како и други локалитети значајни за историјата на Македонија. Тоа ќе го направиме преку постепена инвестиција во соработка со локалната заедница преку: реконструкција или изградба на подобри пристапни патишта, соодветно обележување со табли, поставување на клупи и одморалишта, соодветно осветлување и подготовка на промотивни материјали за локалитетите. [Рок: континуирано]

Образложение:

Во јануари 2012 е направено мапирање  на локалитетот Вардарски рид кај Гевгелија.

Во јануари 2013 година е асфалтиран патот до локалитетот Виничко кале  и е направена пешачка патека до тврдината.

Во ноември 2013 година министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска најави интензивна промоција на локалитетот Кокино, а за таа цел надлежните институции ќе направат програма и акциски план. Предвидено е локалитеот да биде означен со табли, патеки и со патокази, како и да бидат поставени  сувенирници, бараки и куќички за водичите.

Заклучно со април 2014 нема информации за активности во насока на инфраструктурна  подрршка и промоција на локалитетите  Мачук и Римска терма.

Имајќи го предвид сето ова може да се констатира дека ветувањето: „Инфраструктурна поддршка и промоција на историските објекти“ е делумно исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција