ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на регионален пат Свети Николе – Пробиштип

Со изградбата и реконструкцијата на оваа делница ќе се обезбеди поврзување на повеќе населени места со градовите Свети Николе и Пробиштип и тоа: Немањица, Ранчинци, Мечкуевци, Куково, Пуздерци, Зрапинци, Петршино и Неокази. Изработката на проектната документација е во тек, коловозната конструкција опфаќа две коловозни ленти со ширина од по 3 м. Вредноста на проектот се проценува на 15 милиони евра. Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија. [Рок: 2014 – 2018 година]

Образложение:

На крајот на 2013 година, во употреба беше пуштено новиот асфалтиран пат со кој се поврзуваат Свети Николе и Пробиштип. Регионалниот патен правец е во должина од 28 км.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција