ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на спомен куќа на родителите на Кемал Ататурк

Изградбата на овој спомен-дом ќе придонесе за продлабочување на културните врски меѓу двете држави и ќе претставува реална основа за развој на локалниот туризам на општината Жупа. Објектот ќе се гради на постојните темели на родната куќа на родителите на Мустафа Кемал Ататурк. За изградбата на Спомен-куќата се очекува и донација од Република Турција. Носител: НУ Национален конзерваторски центар и општина Жупа. [Рок: 2012 година]

Образложение:

Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска, при посетата на Битола на 28 декември 2012 година, напомена дека Министерството за култура го реализира  проектот за изградбата на Спомен-куќата и роднинската куќа на родителите на Мустафа Кемал Ататурк во општина Центар Жупа, каде во моментов се уредува музејската поставка. Таа исто така напомена дека при посетата на Турција и средбата со турскиот министер за култура Ертугрул Гунај договорена е промоцијата на куќата  за 23 април 2013 година, на денот кога е формирано големото национално собрание на Турција.

Премиерот Никола Груевски пак  во своето обраќање на централната манифестација по повод националниот празник на Турците во Република Македонија, 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, напомена дека спомен куќата на родителите на Кемал Ататурк во селото Коџаџик е веќе изградена и дека преостанува во наредните месеци да се уредува ентериерот.

Куќата на родителите на Кемал Ататург, иако започната, истата не е завршена во дадениот рок.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција